„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Компанијата на Мира Мурати, поранешната технолошка директорка на OpenAI, конечно покажа што градела година и половина зад затворени врати. Моделот се вика Inkling и доаѓа со една клучна разлика во однос на она што го продаваат OpenAI, Anthropic и Google: тежините му се отворени. Секој развивач или фирма може да го преземе и да го преработи по своја мерка.
Бројките се импресивни на хартија. 975 милијарди параметри вкупно, но моделот користи само околу 41 милијарда за секоја задача – трик што ги прави големите модели побрзи и поевтини за работа. Обучен е на 45 трилиони единици текст, слика, звук и видео. Засега, сепак, знае само да пишува – текст, код и структурирани податоци. Она што фирмата го ветува е дека кога ќе биде прашан нешто за што не е сигурен, ќе признае несигурност наместо да измислува одговор. Колку модели денес го прават тоа?
И тука доаѓа најинтересниот дел. Самата компанија отворено признава дека Inkling не е најсилниот модел на пазарот, ниту меѓу отворените, ниту меѓу затворените. Тоа не е скромност – тоа е целата поента. Кладењето на Мурати е дека модел кој фирмите можат сами да го дотеруваат ќе ги надмине универзалните модели што ги нудат најголемите лаборатории. Наместо готов производ, ти продаваат почетна точка.
Звучи паметно додека не си го поставиш очигледното прашање: за кого е ова навистина? Дотерувањето на модел бара сериозна инженерска екипа што малку фирми ја имаат. А одговорноста моделот да остане безбеден паѓа врз клиентот, не врз компанијата што го направила. Со други зборови – ти го даваме моторот, ти види како ќе го возиш.
Аргументот против затворените модели, сепак, добива поддршка од неочекувани места. Сатја Надела, шефот на Microsoft – фирма што вложи милијарди и во OpenAI и во Anthropic – неодамна предупреди дека компаниите кои користат туѓи затворени модели плаќаат двапати: еднаш за претплатата, и втор пат со тоа што им го предаваат сопственото знаење вградено во нивните прашања и корекции. Тоа знаење потоа завршува во следната верзија на моделот. Не е мала работа кога токму инвеститорот го кажува ова.
Компанијата највеќе се фали со брзината. На OpenAI ѝ требаа околу пет години да го изнесе производот на пазар и да покаже приход, на Anthropic околу три. Мурати тврди дека нејзината екипа го направила истото за девет месеци. Дали е тоа знак на ефикасност или на форсирано темпо што покрива подлабоки прашања – ќе видиме кога ќе стигне сметката.
Бидејќи сметката е вистинскиот проблем. Компанијата склучи договор со Nvidia за огромни пресметковни капацитети, но не кажува како ќе ги покрие тие трошоци. Дури и повеќе: штом тежините се јавни, никој што ќе го преземе моделот не е обврзан да ѝ плати на фирмата за да го работи – за разлика од мерениот пристап што го продаваат OpenAI и Anthropic. Приходот, значи, мора да дојде од платформата за дотерување, не од самиот модел. А тоа е тенка нишка на која виси фирма со проценета вредност во милијарди.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.