Skip to content

Новиот ЕУ систем за граници не разликува идентични близначки – а низ него поминуваме и ние кон Грција

1 мин. читање
Сподели
Новиот ЕУ систем за граници не разликува идентични близначки – а низ него поминуваме и ние кон Грција

Патуваш во Грција? Имаме комплетен водич - граница во живо, плажи, цени и документи.

Отвори го водичот за Грција →

Новиот дигитален граничен систем на ЕУ требаше да го „донесе патувањето во 21 век“. Наместо тоа, засега произведува долги редици на граничните премини – и една приказна што повеќе личи на епизода од комедија отколку на високотехнолошка иднина: системот не умее да разликува идентични близначки.

Системот за влез и излез, познат како ЕЕС, беше воведен на 10 април по четири години одложувања. Наместо печат во пасошот, тој складира биометриски податоци – скен на лицето и отпечатоци од прсти. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овој месец призна дека системот сè уште има „технички проблеми“ и дека „многу работа треба допрва да се направи“.

Најбизарниот случај досега: Британка беше запрена од романската гранична полиција и обвинета дека нелегално престојувала во Шенген зоната. Причината? Системот ја помешал со нејзината идентична сестра близначка, која навистина патувала таму. Двете имаат исто презиме, ист датум на раѓање и иста националност – но различни отпечатоци и различни пасоши. Сепак, машината ги видела истите црти на лицето и заклучила дека се исто лице.

Според експерти, службениците не смеат да идентификуваат патник само врз основа на слика од лицето, туку мораат да проверат и отпечатоци или податоци од пасошот. Тоа во овој случај не било направено. Со други зборови – технологијата не потфрли сама; потфрли обучувањето на луѓето што ја користат.

А сега поентата што нè тера директно нас. Истиот тој ЕЕС е системот низ кој поминуваат Македонците секогаш кога влегуваат во Грција или во која било земја од Шенген. Ако технологијата на аеродром во Клуж прави ваков хаос, што нè чека нас на Богородица и Евзони во врвот на летната сезона, во колона од илјадници возила? Технологијата ветува иднина. Засега, единственото што сигурно испорачува е подолго чекање – и барем еден пасош помешан со друг.