Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Капри е долг околу шест километри и широк три. На таа големина би собрал една наша поголема населба. Наместо тоа, островот собра две илјади години репутација и цена што и денес одбива поголем дел од светот.
Хомер тука ги сместил сирените. Император Август го сакал како засолниште, а Тибериј отишол подалеку – си ја преселил резиденцијата и ја изградил Вила Јовис. Значи, идејата дека Капри е место каде моќните се кријат од сопствената моќ не е измислена од маркетинг агенција. Стара е дваесет века.
Од Неапол се стигнува со траект за помалку од еден час, до Марина Гранде. Потоа островот те става на свое: жичара, автобуси, отворени такси возила и мали бродови. Автомобил не ти треба и тоа е половина од убавината.
Што всушност се гледа
Фаралјони – три карпи што излегуваат директно од морето и се симбол на островот. Сината пештера, каде сончевата светлина влегува низ подводен отвор и водата добива боја што на фотографија изгледа доработено, а не е. Во центарот на Капри се Виа Камереле за шопинг, Градините на Август со поглед на брегот, Пјацетата и Виа Круп, патеката што слегува до Марина Пикола.
Анакапри е горниот дел и е потивок: бели ѕидови, мали плоштади и Монте Соларо, највисоката точка, до која се качуваш со седежница. При ведро време се гледаат Неаполскиот залив и Амалфитанската крајбрежна линија. Во близина се Искија со термалните води и Прочида, најмалиот остров, со Марина Кориќела и пастелни фасади наредени една врз друга.
Цената на разгледницата
Овде почнува вториот дел од приказната. Фонтелина, плажниот клуб веднаш до Фаралјони, со сино-бели чадори. Ил Ричо, ресторан на карпа кај Сината пештера, во склоп на хотел Jumeirah Capri Palace, со „Сала на искушенијата” – просторија само за слатки, каприз торта, баба, сфољателе. Да Паолино, каде масите се наредени под лимонови дрвја. Гранд Хотел Кисисана работи од 1845 година.
Вика Мартин Берокал, која деновиве беше таму со Карла Переира и Дијего Симеоне, нашла камен со врежани стихови од Пабло Неруда: „Капри, кралица на карпа во твојата облека со боја на амарант и крин, живеев развивајќи ја среќата и болката…”
Неруда бил во егзил кога го напишал тоа. Тоа е разликата помеѓу да живееш на некое место и да го посетиш. Островот е достапен – траектот е ефтин, погледот е бесплатен, Монте Соларо не бара да бидеш никој. Сè друго бара да бидеш некој. Дали може да се види Капри без да се плати Капри? Може. Само треба да прифатиш дека нема да седнеш под лимоновите дрвја.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Исто време како во август, помалку луѓе и сметка што одеднаш личи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.