Црн чад над Скопје: гореше магацин за бои и лакови во кругот на „Железара“
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Со години туш-кабината беше она што се решава последно во бањата, со остатокот од буџетот. Тоа веќе не е така. Дизајнерите оваа година тушот го третираат како главна точка на просторот, а разликата ја прават работи што не се гледаат на фотографија – каде оди водата, како паѓа светлината, дали има каде да се седне.
Облоги што го затвораат просторот. Плочките од голем формат, или оние со многу тенки фуги, даваат визуелна непрекинатост и веднаш чувство на ред. Помалку линии значи помирна бања. Топлите завршници водат оваа сезона: камен, травертин и ефект на дрво, во тонови песок, гриж и скршено бело, со мека текстура наместо сјај.
Светлината е половина од работата. Скапата бања не се препознава по мермерот туку по тоа што во неа никој не изгледа лошо. Тоа значи светлина без сенки и без отсјај – мека општа расвета, комбинирана со посебна во самата туш-зона и индиректна во нишите и полиците. Топол тон, и задолжително тела предвидени за влажни простории.

Мерки што дозволуваат движење. Најмалата удобна кабина е 70 на 70 сантиметри, но тоа е долна граница, не цел. Ергономијата е она што всушност се плаќа. Ако тушот го користат двајца, просторот мора да дозволува двајца да се движат без судири – оттука и трендот на двојна арматура, со термостатски вентили каде секој го има своето поставување и никој не го врти туѓото.
Тушот како главен елемент. Голема глава дава подобра покриеност, а висината на монтажа е меѓу два и два и дваесет метри од подот. Се појавуваат и плафонски модели и втора каскадна глава, но советот што вреди повеќе од сите е поприземен: гледај да се чисти лесно од бигор и да не ‘рѓосува, бидејќи тоа е разликата помеѓу убава бања и убава бања после три години.
Параванот – невидлив или украс. Тука постојат две подеднакво добри школи. Првата е стакло без рамка со дискретен оков, за да не се прекинува погледот кон материјалите внатре. Втората е спротивна: паравани со карактер, со текстурирано или чадено стакло, во црна, месингана или бронзена завршница, со поделба на полиња што личи на столарија. Она што не работи е нешто помеѓу.

Клупа и вградено складирање. Клупата во туш е предмет што не ти недостасувал додека не си го имал. Оптималната висина е 45 до 48 сантиметри. Складирањето се решава со ниши на пријатна висина, поставени настрана од директниот млаз, со позадинско осветлување ако сакаш ефект. Готовите метални ниши се посигурни за хидроизолација отколку импровизацијата на лице место.
Туш-када или континуиран под? Овде естетиката се судира со безбедноста и мора да победи безбедноста. Падот кон одводот треба да биде околу 1,5 до 2 отсто, линеарните сливници елегантно го решаваат просторот покрај ѕидот, а подот по кој се оди бос бара соодветна против-лизгачка класификација – според стандардот ДИН 51097, класата Ц е највисоката отпорност.
Она што не се фотографира. Најскапите детали се токму оние што не се гледаат: вентилација што ја вади влагата, тивка арматура, добро заптиена столарија, текстил што се суши брзо. Потоа доаѓаат грејач за пешкири или подно греење покрај тушот. И еден податок вреден за секој што ја гледа сметката за вода – ограничувачите на проток го држат млазот на околу 9 до 9,5 литри во минута, а разликата под туш едвај се чувствува.
Ако од целиот список треба да се извлече едно, тоа е дека ниту еден од овие десет чекори не бара најскап материјал. Бара одлуки донесени пред да се тргне првата плочка – каде оди светлото, каде оди водата, кој ќе го користи просторот. Реновирање се прави еднаш на петнаесет години, а грешките во него се живеат секое утро.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Видливата тула и континуираните прозорци останаа, а целата палета излезе од една слика врз креденцата. Кај нас првото што влегува...
Фотелја на Имс од 1956, полица на Фратини и вдлабнато кобалтно огледало што ја рефлектира собата закривено. Карла Переира вели...
Четири спални, четири бањи и еден тепих што ја држи трпезаријата одвоена без ѕид. Три работи од оваа куќа функционираат...
Не украсила куќа - направила свет. И зад целата фантазија нема наследство, туку самохрана мајка која ја научила дека креативноста...
Скалишниот простор е претворен во галерија, а во спалната нема ниту еден обид да се направи ефект. Прашањето што останува:...
Во огромно мнозинство станови таванот останува бел затоа што така го затекнале - не затоа што некој одлучил така. Една...
Не е трупање и не е максимализам. Десет работи што претходно се криеја кога доаѓаат гости, а сега се сметаат...
Конзола по мерка, пресвлечени фотелји и тапет ставен како уметност. Најскапото нешто во станот е решението да се задржи она...
Со години правилото беше сè во неутрално и сè од иста колекција. Резултатот е дневна соба што изгледа како каталог...
Две врати меѓу дневната и спалната. Тоа е целата математика, и тоа е она што го губиш кога ќе падне...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.