15 пожари за еден ден, 23 за деноноќие: и повторно депониите се тие што горат
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
11.08.2026
10.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
11.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
11.08.2026
10.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
12.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Комплетот маса со четири исти столици беше стандард во секој дом каде што трпезаријата се сфаќаше сериозно. Се купуваше одеднаш, се плаќаше на рати и стоеше триесет години. Дизајнерите денес велат дека тоа е точно она што не треба да го правиш – и, што е поважно, дека мешањето не е неред туку одлука.
Практичната корист е поголема од естетската. Ако маса ти се допаѓа, а столиците се распаднале, не мораш да фрлаш сè. Ако наследиш два стола од баба, тие не мора да „не се вклопуваат” – можат да бидат почеток. И ако немаш пари одеднаш, комплетот се гради постепено. Тоа е логика што балканскиот дом ја живее со децении, само што досега се сметаше за компромис, а не за стил.
Каде е границата меѓу мешање и хаос
Целиот трик е во тоа што дизајнерите го нарекуваат точка меѓу контраст и кохерентност. Мора да постои нешто заедничко – боја, завршница, форма или осветлување. Најсигурниот пат е иста конструкција, различна тапацирунга: столици со идентичен скелет и завршница како масата, но со различна боја на текстилот. Униформноста се крши, а редот останува.
Втората сигурна врска е неутралната боја. Бела, песочна, боја на камен или тон таупе се поврзуваат со речиси сè – дрво, мермер, стакло, метал. Кога бојата е заедничка, материјалите смеат да бидат целосно различни.
Класичната комбинација што ретко промашува е темна маса и светли столици. Ореов или затемнет даб со бели или кремави седишта дава тежина без да ја задуши просторијата. Обратното – светла маса со темни столици – работи исто, само носи повеќе енергија.

Столиците што служат како спојница
Ратанот и плетените столици се најпростиот начин да поврзеш неповрзани нешта – тие „одат” со сè. Единственото предупредување е дека можат да го одвлечат просторот кон градинарски изглед, па се комбинираат со масивна дрвена маса и текстил во топли тонови.
Бистро-столиците се другата таква спојница. Лесни се, никогаш не се преоптоварени со украс и одлично стојат покрај рустични маси и мермерни плочи. Ако сакаш просторија што изгледа собрана без напор, тие се најбрзиот пат.

Кога стиловите се потполно различни
Ако разликите се преголеми, постојат два спасувачи. Првиот е една заедничка завршница – најчесто црна – која визуелно ја поедноставува целата композиција без разлика на стилот. Вториот е осветлувањето: висечка ламба чиј метал се совпаѓа со ногарките на масата или со деталите на столиците создава континуитет што окото го чита како намера.
Стаклената плоча е посебен случај – таа не се натпреварува со ништо, па дозволува комбинации од класично до современо. Мермерот е спротивното: тој диктира. Карара, калаката, гватемалско зелен, содалит сино или црн маркина – секој вид бара своја палета на тапацирунга и не трпи случајна одлука.
Постои и правило што не е за боја туку за форма: ако сите делови имаат заоблени, меки линии и целосно тапацирана површина, кохерентноста се јавува сама од себе иако боите се различни. Формата е посилен поврзувач од тонот.
Сето ова звучи како совет за луѓе со голем стан и поголем буџет. Не е. Најскапиот дел од трпезаријата обично е масата, а таа е и делот што трае најдолго. Ако престанеш да ја врзуваш со комплет столици што мора да се купат истиот ден, купуваш време – и остануваш со простор што личи на некој, а не на каталог.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бели ѕидови, низок мебел и многу огледала прават станови што изгледаат добро на фотографија, а се живеат лошо. Десет совети...
Каталонските сводови останаа, ореовата столарија остана, а врз тоа легна интервенција што намерно не се труди да се види. Едно...
Секој што ќе влезе во наследена куќа ти кажува што треба да се урне. Архитектката овде го направи спротивното, а...
Семејство што спие лошо петнаесет години е нормално. Семејство што ќе стави два кревета е тема за муабет во соседството....
Три ката, секој со јасна функција, и една црна кујна што намерно ја крши хармонијата. Најдрагиот предмет во куќата не...
Седум згради, приватно пристаниште и лозја - ништо од тоа не е применливо. Но принципот според кој е уредена внатрешноста...
Најскапата одлука во целата реконструкција беше да не се допира она што веќе функционирало. Под лажниот плафон од трска чекало...
Една слика не ти покажува каде се фрлаат ранците кога ќе се дојде од училиште. Завршуваш живеејќи за да ја...
Пад на подот од 1,5 отсто, туш глава на 2,20 метри, клупа на 45 сантиметри. Скоро ништо од овој список...
Скапата бања не се препознава по мермерот туку по тоа што во неа никој не изгледа лошо. Реновирање се прави...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.