Педесет и два пожари за еден ден: огнот стигна до куќите во Богомила, три ер-трактори за цела држава
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
12.08.2026
14.08.2026
14.08.2026
13.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.08.2026
12.08.2026
10.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Компанијата Databricks сакаше да собере една милијарда долари. Заврши со пет милијарди (околу 4,6 милијарди евра), при проценета вредност од 190 милијарди долари. Не затоа што ѝ требаа – туку затоа што одбивањето на инвеститор што чека во ред е поскапо од земањето на неговите пари.
Приказната ја раскажа самиот извршен директор и коосновач Али Годси. За време на конференцијата на компанијата во јуни, деловниот портал The Information објавил текст дека Databricks подготвува голема рунда финансирање. „Веднаш штом излезе тој напис, се создаде долга редица инвеститори што почнаа да се јавуваат. Телефонот ми пукна”, вели Годси. „Тоа беше најлошото можно време за нас затоа што бевме зафатени со конференцијата.”
Написот сам си се исполни. „Нивото на интерес беше едноставно лудо. Само од таа селектирана група инвеститори што ги разгледувавме, имаше 15 милијарди долари интерес“, вели Годси. Кога толку многу пари тропаат на врата, кажувањето „не” на долгогодишен поддржувач е рецепт за лоша крв. Затоа компанијата издаде повеќе акции отколку што планираше.
Зошто фирма што заработува бара уште пари
Бројките навистина се добри. Годси тврди дека компанијата достигнала седум милијарди долари годишен приход сметан по тековна стапка, дека тој расте по 80 отсто и дека бизнисот е позитивен по готовински тек. Основниот производ, складиште за податоци во облак, носи 1,5 милијарди од тоа и расте по 100 отсто на годишно ниво.
Па зошто тогаш? Затоа што вештачката интелигенција е скапа. Databricks има повеќемилијардни обврски кон сите три големи провајдери на облак услуги, држи истражувачки тим од сто луѓе во најскапиот пазар на труд денес, и купува. Оваа недела ја објави аквизицијата на Electric, фирмата зад лесната база на податоци PGlite. Во јуни купи фирма за сајбербезбедност, во март – две.
Рундата ја предводеше Coatue, со Blackstone, MGX, сметки поврзани со T. Rowe Price и новиот инвеститор Sixth Street Growth. Учествуваа околу дваесетина фондови. Претходно, за само дваесет месеци, компанијата собра 20 милијарди долари.
Кога една милијарда е ситна пара
Постоеше време кога рунда од милијарда долари беше настан. Денес, кога стартапи собираат милијарда веднаш на почеток, тоа е ситниш – и токму тука е она што вреди да се забележи. Инвеститорите не бараат производ што работи, тие бараат влез во приказната пред таа да се затвори. Годси и понатаму вели дека еден ден сака да излезе на берза. Со ваков список акционери што некогаш ќе сакаат да се исплатат, тешко дека може да вети нешто друго.
Но додека може со еден потег да повика петнаесет милијарди интерес, под свои услови и без квартални извештаи што некој ги чита – каде му е брзањето?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Европа конечно има технолошка фирма што ја нарекува своја. Инфраструктурата под неа ја држи Google, а вредноста почива на верување...
River AI нема ни производ со стаж, но има биографија од xAI и каса полна пари. Кога капиталот пристига пред...
Кога праксата престана, дневниот приход видно падна - значи не била споредна. Основачките знаеле од декември, а исклучиле дури откако...
Српскиот бизнисмен Давор Мацура зеде 100 отсто од акциите преку блок-трансакција, па докапитализираше. Уште еден финансиски бренд се составува преку...
Тужба за милијарда долари заврши со ексклузивен договор, а ексклузивниот договор со преземање. Цивилната идеја ги привлече инвеститорите, одбраната ги...
Лондонски кварт со 12,1 милијарда долари собран капитал се прашува дали е центар или само испостава на американските лаборатории. Прашање...
NextSlide прави слајдови од белешки и документи. Компанијата што вреди повеќе од цели берзи ја купила тивко, а условите не...
Sequoia влезе со милијарда, банките додадоа уште 200 милиони. Основачот ветува илјадници реактори годишно - засега има еден што работел...
Додека сите фрлаат милијарди на генеративна вештачка интелигенција, грчката Omilia тврди дека повеќето прашања на клиентите не бараат никаква. Приходот...
Фирма основана во Нигерија што финансирала автомобили за возачи без кредит сега вреди 2,1 милијарда долари и е оператор на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.