Вештаците за „Пулс“: сунѓерот на таванот при горење ослободувал цијанид, а инспекторот можел и морал да го затвори објектот
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.09.2026
01.09.2026
01.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Секоја сезона козметичката индустрија најавува молекула што ќе го смени сè. Годинава тоа е НАД+, коензим што навистина постои и навистина прави важна работа во телото – произведува клеточна енергија и учествува во поправка на оштетена ДНК. Проблемот почнува кога тоа се преведе во шише.
Дерматологот Наталија Хименез го кажа она што рекламите не го фаќаат во насловот: „Оваа молекула тешко ја поминува кожната бариера бидејќи е голема и нестабилна.“ Со други зборови, ако на етикетата пишува НАД+, тоа не значи дека НАД+ влегува во кожата. Не влегува.
Затоа формулациите не работат директно. Тие користат претходници – помали молекули што кожата може да ги апсорбира и потоа сама да ги претвори во НАД+. Најчестиот е ниацинамид, витамин Б3, состојка што постои во козметиката со децении, долго пред НАД+ да стане име на кутија. Тоа не значи дека производите не работат. Значи дека она што работи не е новото.
Хименез укажува и на промената во тоа што воопшто се смета за убава кожа. Порано мерката беа брчките. Денес се зборува за баланс, за светлина, за здравје на кожата – категории што се потешки за мерење и полесни за продавање. Дека тоа совпаѓа со потребата на индустријата да создава нови критериуми, е совпаѓање што вреди да се забележи.
Практично, има три начина да се употреби и сите три се разумни. Дење, во комбинација со антиоксиданси како витамин Ц, ако проблемот се дамки. Ноќе, во серум, кога клетките се регенерираат. И преку дневна крема со фактор за заштита од сонце, што остана најефтината и најефикасната работа што може да ѝ се направи на кожата, без разлика колку молекули ќе се додадат врз неа.
Цените ја кажуваат другата половина од приказната. Серум со НАД+ чини околу 64 евра. Крема со слична намена од голема козметичка куќа – 195 евра. Тоа е распон од трипати за производи чиј активен механизам е ист: ниацинамид што кожата го претвора во нешто друго.
Препораката е од 35 години нагоре, што е возраст доволно рана за да фати многу луѓе и доволно доцна за да звучи стручно. Ако сакаш едно правило од целиот текст, тоа е ова: провери што пишува во списокот на состојки, не што пишува на предната страна. Предната страна е маркетинг. Задната е рецепт.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наутро петнаесет степени, попладне дваесет и осум. Списоците со комбинации се направени за да ти покажат дека немаш доволно -...
Се запознале како деца во театар, тој на дванаесет, таа на единаесет. Пет години подоцна тој ја правеше сценографијата на...
„Вистинската поправка не се постигнува преку изложба или институционално признание“, напиша дизајнерот. Реченицата што индустријата не сакаше да ја слушне...
Дамките по лето засегаат околу една третина од жените, и се појавуваат и кај оние што се мачкале совесно. Разликата...
Од седум фустани, најмалку три се работени рачно за конкретна личност, а еден го изработила шивачка од доверба. Десетлетието во...
Диор одеше кај тарот-читачка пред секоја важна одлука, Шанел го вгради својот број во името на парфемот. Ново е само...
Не е една агресивна изложеност, туку циклусите на влажнење и сушење што се повторуваат секој ден. Струката вели: скрати и...
По десет години минимализам, целото внимание се враќа на градниот дел. Кај нас тоа не беше тренд туку носија -...
Секој септември истото парче се враќа под ново име и функционира. Од трите препорачани изгледа, само еден не бара ниту...
Шминката не стои мирно - таа патува цел ден и завршува во линиите околу очите. Списокот препораки од двајца професионалци...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.