Судење за „Лотарија“: 231 доказ, а досега ниту една порака меѓу Груби и Бајрами
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Граѓаните на Словенија на референдумот што се одржа вчера во земјата го отфрлија Законот за асистирана евтаназија на лица што се наоѓаат во терминална фаза од некоја болест, што словенечкиот парламент го донесе во јули оваа година, јавуваат регионалните медиуми.
Според делумните неофицијални резултати базирани на мнозинство преброени гласачки ливчиња, против законот гласале 53,07 проценти од граѓаните на Словенија со право на глас, додека 46,93 отсто го поддржале законот.
Законот, според словенечкото законодавство, се смета за отфрлен ако мнозинството гласачи гласаат против него, под услов најмалку една петтина од сите избирачи со право на глас да се изјаснат против него на референдум.
Според првичните бројки за излезеноста на гласачите, најмалку 339 205 гласачи мораа да гласаат против, додека според делумните неофицијални резултати од гласањето, по преброени 95 проценти од гласачките ливчиња, 346 815 гласачи гласале против.
Првичните неофицијални бројки велат дека на вчерашниот референдум излегле 40,31 отсто од граѓаните со право на глас.
На референдумот, Словенците одлучуваа за Законот за асистирано доброволно завршување на животот, кој би им дал на терминално болни пациенти, чие страдање или медицинска состојба е неподнослива, право да го завршат својот живот, со исклучок на случаи на ментални заболувања.
Официјалниот резултат од референдумот ќе биде потврден по 4 декември, кога ќе биде познат конечниот број на гласачи и дали е постигнат кворум за отфрлање на законот, објавија словенечките медиуми минатата недела.
Меѓу европските земји, покрај Швајцарија и Австрија, кои дозволуваат асистирана евтаназија, Холандија, Белгија и Луксембург дозволуваат евтаназија, а француските пратеници ја одобрија можноста за право на асистирана евтаназија во прво читање на законот кон крајот на мај годинава.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Обвинителството ја гради тезата врз владината седница од 6 јуни 2023, а одбраната вели дека сè било по налог на...
Маж влегол во ординација во Карпош и на лекар му скршил вратен пршлен. Обвинителството отвора истрага за „насилство“ и бара...
МВР со право се фали со пад од 35 отсто кај загинатите. Една бројка од истото соопштение, сепак, не се...
Квадратите и паркинг местата се објавени до последното. Колку луѓе ќе се вработат и колку чини инвестицијата - на свеченоста...
Градоначалниците нудеа „поволна деловна клима“ и суровини. Единственото конкретно нешто од средбите е програма за мали грантови за невладини организации.
Мнозинството судии рече „пресудена работа“ и го затвори прашањето. Против беше и Дарко Костадиновски, според кого новите партии тргнуваат од...
Се најавуваат проверки на домашна адреса со полиција како партнер, а министерот за здравство признава дека контролата на движењето на...
Претседателката потсети дека по сите компромиси не се почнати ни преговорите. Известувачот на Европскиот парламент призна „реална доминација на политиката“...
Градот најави 24-часовен видеонадзор против диви депонии и вандали, а камерите сè уште не се ни купени. Во Центар, одлуката...
Жителите бараат сервис на возилата, претпријатието бара подобро пакување. Во меѓувреме, за една недела се расчистени 650 кубни метри диви...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.