Собранието двапати ја одби електронската нараквица за насилниците, сега граѓаните собираат 10.000 потписи
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Снимката од Националниот парк Маврово е објавена пред осум месеци. Осум месеци стоела на интернет без никој да реагира, сè додека еколошка организација не ја извади на прес-конференција. Дури тогаш темата стана јавна.
На снимката, според организациите што ја актуелизираа, се гледа комерцијален лов на дивокози во заштитена зона – и ритуал во кој странските гости пијат крв од застреланите животни. Организацијата „Анима Мунди“ реагираше остро: „Нема ништо нормално во убивањето диви животни за забава, трофеј или комерцијален интерес. Нема оправдување животот на слободно суштество да се сведе на цел или адреналин.“
Но најважната реченица од нивното соопштение не е таа. „Прашањето не е само што гледаме на снимката, туку кој го дозволил ова, кој го овозможил, кој го контролирал?“
Три прашања, ниту еден одговор
Тоа е местото каде приказната престанува да биде за странски ловци и станува приказна за државни институции. Управата на паркот тврди дека станува збор за санитарен отстрел во рамки на редовната програма за управување со дивечот. Тоа објаснување може и да е формално точно – но не ја покрива втората половина од она што се гледа: комерцијални агенции што нудат такви тури во заштитена зона.
Паралелно, социјалните мрежи се полни со фотографии на странски ловци од балкански земји со застрелани капитални елени во македонски шуми. Еден од нив својот улов го нарекол „првиот крал на шумата“ и спомен за цел живот.
Од Министерството за земјоделство и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство нема објавен ниту еден од следниве податоци: колку странски државјани добиле дозвола за лов оваа година, кои ловишта се дадени на концесионери, и дали се вршат теренски контроли за тоа дали застреланите примероци се дозволен отстрел или заштитен вид.
Тоа се три бројки што постојат во нечија фиока. Ниту една од нив не е државна тајна. Додека не бидат објавени, секое објаснување дека станува збор за „редовна програма“ останува непроверливо – а концесијата за лов во национален парк е точно она за што јавноста има право да знае кој ја потпишал и по кои услови.
„Анима Мунди“ бара итен мораториум на сите активности што ги загрозуваат природните вредности во областа, целосна истрага и транспарентност. Организацијата „Еко-свест“ оди чекор подалеку и бара повторно прогласување на Националниот парк Маврово. Дали ќе добијат одговор или тишина, ќе покаже кој навистина управува со тој простор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Загадувањето во Скопје за десет години е преполовено, но ниту една скопска мерна станица не ја исполнила законската граница. Европската...
Љупчо Коцарев тврди дека една буџетска шифра ја става Академијата под министерство. Раководството вели клевета и чека државна ревизија, а...
Буџетскиот форум повторно собра предлози. Вистинското прашање е колку од предлозите од претходните четири години навистина стигнале во буџетот.
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.