Собранието двапати ја одби електронската нараквица за насилниците, сега граѓаните собираат 10.000 потписи
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Австралискиот амбасадор Питер Трасвел, со седиште во Белград и акредитација за Македонија, ја помина Пелагонија за два дена. На 22 септември беше кај градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, а на 23 септември кај битолскиот, Тони Коњановски. Соопштенијата од двете општини звучат како да ги пишувала иста рака: „економски потенцијал“, „можности за инвестирање“, „продлабочување на соработката“.
Коњановски на амбасадорот му кажал нешто што секое битолско семејство го знае одамна: Битола и околината се печалбарски крај, а значаен дел од Македонците надвор од земјата живее токму во Австралија. „Заеднички констатиравме дека имаме добра основа за продолжување и продлабочување на соработката во повеќе области“, изјави градоначалникот. Амбасадорот, според соопштението, бил импресиониран од фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.
Во Прилеп потсетија дека општината уште од 2008 година има формална соработка со тогашниот Town of Vincent во Перт, денес City of Vincent. Проданоски го претставил градот како место со „поволна деловна клима“, особено за природните богатства и суровините на регионот. „Прилеп има што да понуди“, рекол тој.
Единственото конкретно нешто што излегува од двете средби е Direct Aid Program на австралиската амбасада – програма што поддржува локално иницирани проекти на граѓански и невладини организации, со акцент на зелената транзиција, животната средина и можностите за жените и младите. Корисна работа. Но тоа се мали грантови за здруженија, не фабрика, и не „австралиски инвестиции“ како што гласаа насловите по средбите.
И уште еден детал што не треба да се прескокне: земја во која живее значаен дел од Македонците надвор од татковината сè уште ја покрива Македонија од амбасадата во Белград. Можеби тоа е вистинската тема за следното ракување. Печалбарскиот крај, во секој случај, најдобро знае колкава е разликата меѓу ракувањето и работното место.
Најновите 10 вести од оваа категорија
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Загадувањето во Скопје за десет години е преполовено, но ниту една скопска мерна станица не ја исполнила законската граница. Европската...
Љупчо Коцарев тврди дека една буџетска шифра ја става Академијата под министерство. Раководството вели клевета и чека државна ревизија, а...
Буџетскиот форум повторно собра предлози. Вистинското прашање е колку од предлозите од претходните четири години навистина стигнале во буџетот.
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.