Карпош го одложи панелот за семејно насилство закажан за март и никогаш не го презакажа, а за 50-годишнината се најавува избор на Мис Карпош
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
08.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, ја искористи средбата со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието за да го каже она што опозицијата го повторува и дома: Владата ветила подобра преговарачка позиција и предвидлив процес, а видлив резултат нема.
„Ако оваа влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и докога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“, рече Филипче.
Како аргумент ги посочи земјите што се споменуваат со изгледен пат кон членство до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија: Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема меѓу нив. Филипче предупреди дека подолгото чекање отвора и прашање за местото на земјата во идното буџетирање на ЕУ, а евентуалните промени во претпристапната финансиска поддршка би можеле да бидат дополнителен ризик.
Потоа следуваше листата забелешки. Филипче рече дека особено го загрижува јавното мешање и притисокот на премиерот врз судството и обвинителството, како и недоволниот буџет за правосудството. Го спомна и медиумскиот плурализам: според него, околу 40% од медиумите во земјата се во сопственост на луѓе блиски до поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а српски канали, вели, влегуваат преку српскиот Телеком со „незаконски добиена лиценца“ од независниот регулатор.
Ништо од ова не е ново за домашната публика. Ново е само тоа што е кажано пред странски гости, во деновите кога Владата бара ЕУ да посредува со Софија. Жалбата пред странците е омилен жанр на секоја опозиција, но тоа не ги прави прашањата помалку точни.
Филипче заврши со уверување дека СДСМ останува посветена на европскиот пат и со благодарност до Франција како „традиционален пријател“. Владата, пак, упорно бара гаранции пред следниот чекор. Ако и позицијата и опозицијата тврдат дека сакаат исто, прашањето за граѓаните е друго: кој ќе каже кога чекањето престанува да биде стратегија и станува изгубено време?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Еден коалициски партнер нуди решение, друг се заканува дека ќе си оди ако тоа помине. Испитот за идните судии стана...
Брисел ја пофали надворешната политика и Планот за раст. За корупцијата пишува дека напредок нема, а за судството - закони...
Опозицијата набројува нули од извештајот, власта одговара со лични напади. Корупцијата и празните судиски места останаа без збор.
Корупцијата е распространета, изборните реформи стојат, а за Уставот „не биле направени обиди“. Меѓу сето тоа, Брисел нашол место и...
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
ДУИ ја зеде Брвеница, а за ВМРО-ДПМНЕ резултатот е „повеќе од одличен“ - иако и коалицискиот партнер ВЛЕН се најде...
Правилата се добри, службите не соработуваат, па да ги избришеме правилата. Опозицијата прашува зошто Советот за координација не се состанал...
Опозицијата најавува интерпелација и бара истрага, гувернерот одговара со „Јасно е сега?“. До кога важи лимитот, сè уште не е...
Мицкоски брои 1.200 гласа раст од првиот круг, но Брвеница ја нема. „Сами против сите“ звучи добро додека не се...
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.