Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Наскоро ќе биде познато дали ќе има ново поскапување на електричната енергија од 1 јануари следната година, откако АД ЕСМ ја достави својата понуда за новата цена до Владата. На затворена седница, министрите расправаа дали предложената цена е прифатлива или ќе се бара корекција.
Во моментов, ЕСМ ја продава струјата за домаќинствата по 62 евра за мегават-час, иако вонредните трошоци за производство ја креваат реалната цена над 100 евра за мегават-час. Оваа разлика се покрива со државни субвенции, кои повторно ќе продолжат.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека не очекува драстичен раст на сметките, иако можна е минимална корекција.
– Ако има зголемување, тоа би било во рамки од еден до три проценти. Нема да дозволиме зголемување од 30 до 35 проценти, како што го бара Европската комисија. Стандардот на граѓаните мора да се заштити, изјави премиерот.
Мицкоски не ја соопшти конкретната цена што ја предложило ЕСМ, бидејќи информацијата е класифицирана како дел од затворена владина седница.
Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од која зависи конечната пресметка на сметките за домаќинствата, велат дека не се очекува промена во нивниот дел од трошокот, кој учествува со 36 проценти во финалната цена на електричната енергија.
– Во делот кој РКЕ го регулира – преносот и дистрибуцијата – не очекуваме промени. Финалната цена ќе зависи од понудата на ЕСМ и од тоа колкав процент од потребите ќе бидат покриени, соопштија од РКЕ за „Вечер“.
Овој пат тендерот за набавка на струја за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум се спроведува за цела година, наместо за шест месеци, што ќе значи дека утврдената цена во декември ќе важи за целата 2025 година.
Во меѓувреме, ЕСМ продолжува да се соочува со финансиски предизвици. До крајот на септември компанијата има загуби над 90 милиони евра, а за увоз на електрична енергија се потрошени повеќе од 60 милиони евра. Останува да се види како овие трошоци ќе влијаат врз крајната цена што ќе ја плаќаат домаќинствата.
Крајната одлука се очекува до крајот на месецот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...