Карпош го одложи панелот за семејно насилство закажан за март и никогаш не го презакажа, а за 50-годишнината се најавува избор на Мис Карпош
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
08.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Камениот мост конечно добива осветлување. Добра вест – сè додека не се прочита како стигнавме дотука. Со години на делови од мостот стоеја само кабли, зашто светилките беа украдени. Симболот што стои на грбот на градот вечер едноставно исчезнуваше во темнина.
Сега почнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување. Мостот е затворен за пешаци додека трае интервенцијата, што значи дека една од најпрометните пешачки врски во централното градско подрачје – онаа меѓу плоштадот и Старата скопска чаршија – привремено е надвор од функција.
Што се најавува
Од Градот велат дека новото осветлување ќе биде усогласено со архитектонските карактеристики на објектот и нема да ја менува неговата појава и автентичност. Каменените лакови и историската вредност на мостот треба да бидат истакнати во вечерната панорама на градот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го најави почетокот на работите, а проектот произлегува од протокол за соработка потпишан неодамна со општината Есенлер од Турција. „Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Мораме да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да ги пренесеме на идните генерации“, беше пораката од Градот.
Реченицата што недостига
Со целата таа реторика за достоинството и за идните генерации, никој не ја кажа поедноставната работа: мостот беше темен со години затоа што никој не ги замени украдените светилки. Тоа не е прашање на симболика, туку на одржување – работа што не бара протокол со странска општина, туку една ставка во буџетот и некој што ќе ја потпише.
Кога проектот ќе заврши, Камениот мост ќе свети. Тоа е добро и никој нема да се противи. Но приказната за тоа како најпрепознатливиот симбол на градот останал без светло, а потоа го добил назад благодарение на соработка со друга општина – таа приказна сепак вреди да се запомни.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Националниот парк и еколозите ги изодија трите лешнички долини и се враќаат со добри вести. Само едно не кажуваат: колку...
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Загадувањето во Скопје за десет години е преполовено, но ниту една скопска мерна станица не ја исполнила законската граница. Европската...
Љупчо Коцарев тврди дека една буџетска шифра ја става Академијата под министерство. Раководството вели клевета и чека државна ревизија, а...
Буџетскиот форум повторно собра предлози. Вистинското прашање е колку од предлозите од претходните четири години навистина стигнале во буџетот.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.