Шега или стратегија: Трамп го предлага Марко Рубио за претседател на Куба
12.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Иконскиот „brownstone“ дом во Њујорк кој служеше како фасада за станот на Холи Голајтли во култниот филм „Појадок кај Тифани“ повторно е во центарот на вниманието – овој пат како имот на продажба со впечатлива цена од 15 милиони долари.
Објавен на пазарот на 15 мај, домот на Ист 71-ва улица привлекува внимание не само поради филмската слава, туку и поради богатата историја и раскошната реновирана внатрешност. Иако сцените од станот на Холи се снимани во студио, куќата стана една од најпрепознатливите филмски локации во Њујорк – особено поради вратата во препознатливата Тифани сина боја.

Изградена во 1910 година, петкатната градска куќа се карактеризира со тавани од три метри, оригинални архитектонски детали, мермерни камини и голема приватна тераса со поглед кон Горниот Ист Сајд. Домот поминал низ детална трогодишна реставрација, каде класичните елементи се вешто комбинирани со современ луксуз – од шевронски подови од бел даб, до мермерни плочи Calacatta Gold и кујнски апарати од највисока класа.

Покрај главната резиденција, нивото на градината функционира како посебен стан кој може да се изнајмува – дополнителна предност за идните сопственици. Домот вклучува и лифт, пространа оградена градина, бар со камени ѕидови и винска визба со Liebherr фрижидери.

Куќата последен пат била продадена во 2015 година за 7,4 милиони долари, што ја прави сегашната продажна цена речиси двојно повисока. Но, за љубителите на филмската историја и луксузната архитектура – можноста да се купи дел од магијата на „Појадок кај Тифани“ е речиси непроценлива.
Најновите 2 вести од оваа категорија
Освежувањето на домот не мора да значи големи трошоци или комплетно реновирање. Понекогаш малите промени се доволни да внесат нова...
Скандинавскиот стил станува сè попопуларен во светот на ентериерот, и тоа не е случајно. Тој спојува минимализам со пријатна, топла...