Мицкоски слави 4 спрема 1 против СДСМ во Брвеница, но неговиот кандидат освои 445 гласа помалку од пред една година
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Шминката нема години, но кожата има. Тоа е основната порака на шминкерот Алваро Санчес: по 45-тата не треба да се откажуваш од шминката, туку да ја смениш техниката. А најчестата грешка што ја гледа е една – „премногу дебела црна линија“ околу окото, особено на долниот капак.
Санчес советува да се напуштат и тешкиот фон-де-тен со целосна покриеност и вишокот пудер во прав. За очите, неговиот рецепт е едноставен: подрачјето под окото со малку производ и со светлина само на стратешки места; сенката малку подигната кон надворешниот агол; трепките извиени, а маскарата главно на горните; веѓите во нивната природна форма, со благ ефект на подигнување.
Тимот на KIKO Milano оди чекор подалеку. Наместо мат формули со висока покриеност и тежок пудер – прозирни текстури, серуми, кремасти и течни производи. Рабовите меки, без тврди црни линии. Сенката, руменилото и контурата малку повисоко отколку порано, разлеани под агол од околу 45 степени кон коската на веѓата. „Лебдечки“ набор 1-2 милиметри над природниот, за поотворен поглед. И пред сè – хидратирана кожа, со малку сјај на јагодиците.
Списокот грешки не завршува со линијата околу окото. Санчес предупредува и на премногу светол коректор, на претерано исцртани усни и на погрешно поставено руменило. KIKO додава уште две: прескокнување на подготовката на кожата и темни, полни веѓи што делуваат грубо.
Долго важеше правилото дека по одредена возраст треба да се „покрие“ сè. Експертите сега велат обратно: помалку производ, помеки рабови, повеќе кожа. Дали тоа е конечно ослободување – или само нов список правила за следната сезона?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Холандските принцези менуваат дијадеми, федори и мајчини шешири, а Леонор и Софија сè уште одат без ништо на главата. Зад...
Пред една година ќерката на Антонио Бандерас се венча со букет што повеќе личеше на ноќ отколку на пролет. Не...
Бебешка количка со натпис „Angel on Board“ и манекенка што пред месец и половина стана мајка. Лична одлука или нова...
Резервациите за трајна пораснале за 82 отсто, а фризерите предупредуваат: историјата на косата, дебелината на виклерите и проба на еден...
На 17 октомври 1945 таа имала 22 години, тој 35 и зад себе четири бракови. Од тој ден преживеа исушен...
Најевтиниот моден тренд оваа сезона веројатно веќе виси во вашиот плакар. Модната индустрија само одлучи повторно да ви го продаде.
Естетските ординации добија нов тип пациенти - луѓе што сакаат да го вратат волуменот изгубен заедно со килограмите. Советите се...
Ги покажува клучните коски, а остава доволно скромност за олтарот и за погледот на свекрвата. Дизајнерите веруваат дека ќе остане...
Модните куќи го претставуваат како откритие на сезоната, а велурот е тука од ренесансата. Што се носи, со што се...
Кремата од 40-тата не мора да работи на 60-тата, а повеќе ретинол не е решение. Три експертки за знаците дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.