Лек за рак во кутија за прва помош на Богородица: зошто возачот носел и 30 етикети?
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
20.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
20.10.2026
22.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
22.10.2026
21.10.2026
20.10.2026
20.10.2026
19.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Платиш такса за чистење, а на заминување те пречека список: симни ги постелнините, измиј ги садовите, пушти ја машината за перење, изнеси го ѓубрето. За ѓубрето што останало во станот понекогаш следуваше и солидна казна. Тоа е поплаката што гостите на Airbnb со години ја повторуваат на социјалните мрежи, и платформата конечно реагира.
Според новите правила, домаќините повеќе нема да смеат да бараат од гостите да ги симнуваат постелнините, да ги мијат и редат садовите, да пуштаат перење или да го изнесуваат ѓубрето од објектот. Правилото важи за резервациите направени на 20 ноември или подоцна. Исклучоците се ретки и практични: во време на суша домаќинот сè уште може да побара штедење вода, а во краевите каде мечките се ризик – ѓубрето да се фрла во канти заштитени од нив.
Дел од домаќините не се воодушевени. На форумите на платформата објаснуваат дека основното чистење е прашање на хигиена и заштита на имотот, и дека трошокот за подготовка на станот за следниот гостин паѓа на нив. Еден домаќин напишал дека на гостите им се дава „целосна слобода да бидат мрзливи, додека домаќините го носат ризикот“. „Големата разлика меѓу хотелите и мојот приватен дом е личниот допир“, додал тој, и се заканил дека по дванаесет години ќе го повлече огласот и ќе се откаже од Airbnb.
Аргументот звучи разумно сè додека не се погледне што гостинот веќе платил. Тој плаќа посебна такса за чистење, а потоа чисти сам – еднаш со пари, втор пат со сопствен труд. Airbnb тоа добро го знае: во 2024 година платформата беше под лупа затоа што домаќините додаваа такси за чистење откако гостинот веќе резервирал, а уште во 2023 компанијата се фалеше дека повеќе од 260.000 домаќини ги намалиле или укинале тие такси. Од мај 2025 цените во пребарувањето насекаде во светот стандардно се прикажуваат вкупно, со таксите, но без даноците.
Платформата чекор по чекор се приближува до хотел, а домаќините бранат нешто што велат дека хотелот не може да го понуди. Колку од нив навистина ќе заминат, ќе се види. Гостите, од кој било крај да доаѓаат, тешко дека ќе жалат за списокот задачи залепен на фрижидерот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Приходите пораснаа 26 проценти, трошоците 68. Решението е нова класа акции: инвеститорите внесуваат пари, а структурата „предводена од основачот“ останува...
Компанијата што продава вештачка интелигенција сега го нуди и законот што би ја контролирал. Проверувачите би ги плаќале самите лаборатории...
TikTok не спроведувал анкети за возраста на корисниците, од страв дека резултатите ќе мора да ги покаже на американскиот регулатор....
Nvidia не победи само со чипови, туку со софтверот околу нив. Amazon сега го напаѓа токму тој ѕид и вели...
Apple вели дека лани прегледот во App Store запрел над 150.000 апликации. Како тогаш низ истата врата поминаа апликации за...
Компанијата што ја продава автоматизацијата ги објави бројките за сопствените вработени: почетниците исчезнуваат, а искусните ја чуваат машината и седат...
Жената што го излажа Силикон Вали со крвни тестови што не работеа сега полни кина. Филмот за Маск, во меѓувреме,...
Еден од петте најголеми клиенти на Anthropic му сврте грб од бина, а потоа почна да ги ублажува зборовите. Кога...
Автомобил што прелетува над камиони на компримиран воздух и стига во 2028 - ако не се одложи повторно. Депозитот се...
Агентите не кршеле ништо - ги користеле лозинките што некој ги оставил на јавно место. А за упадите Индија дозна...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.