Боговиње: 16-годишник „од невнимание“ рани 15-годишник со пиштол – а од каде му е оружјето?
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
25.10.2026
24.10.2026
22.10.2026
20.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На 25 октомври Европа го одбележува Европскиот ден на правдата, а министерот за правда Јетон Шасивари ја искористи датата за честитка со реченици што звучат како да се пишувани за уставен учебник. „Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок, како и обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно“, порача министерот.
Продолжението беше уште поамбициозно. Институциите, според Шасивари, треба довербата да ја оправдаат „не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност“, бидејќи „довербата во правдата не се бара – таа се заслужува со дела“. Реформите, вели, нема да се мерат само според бројот на донесени закони, туку според тоа што граѓаните реално ќе почувствуваат: побрзи постапки, поквалитетни одлуки, еднаква примена на законот.
Ајде тогаш да мериме. Последниот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото, за 2026 година, вели дека само 21% од граѓаните и 19% од компаниите ја оценуваат независноста на судовите и судиите како „прилично добра“ или „многу добра“. Една година порано тие бројки биле 28% и 26%. Комисијата заклучува дека перцепцијата за судската независност е на многу ниско ниво и дека значително се влошила.
Како главна причина, граѓаните ја наведуваат перцепцијата за мешање и притисок од Владата и од политичарите, како и влијанието на економски и други посебни интереси. Извештајот констатира и дека Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2024-2028 се спроведува, но дека остануваат проблемите со соработката меѓу институциите, притисоците врз судската независност и финансиските услови во кои работат судовите и обвинителствата.
Од правниците стигнуваат уште поостри оценки. Адвокатот Ванчо Шехтански вели дека Македонија, како „заробена држава“, овој ден може само да го спомнува. Обвинителката Лидија Раичевиќ, која се споменува и како кандидатка за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, смета дека самото тоа што толку се зборува за правдата покажува колку е насушна потребата од неа.
Министерот е во право во едно: довербата не се бара, туку се заслужува. Само што бројките велат дека во последната година таа повеќе се трошела отколку што се заслужувала. Кој ќе одговара ако следниот извештај покаже уште помал процент – судиите, обвинителите или политичарите за чие мешање зборуваат граѓаните?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во Србија победија студентите, а лидерот на СДСМ веќе ја пресметува следната влада што треба да падне. Имиња пак нема,...
Ден пред изборите во Србија, Филипче го обвинува Вучиќ за подготвена изборна кражба, а во објавата бара „без мешање во...
Протести од Тирана до Париз, а во Скопје се бараат странски служби. Арсовски ја кажува непријатната причина: помладите не можат...
Партискиот лидер е и премиер, а пред втор круг е на терен во Брвеница. Кога кандидат благодари за владини проекти,...
Опозицијата брои кого спомнал Брисел оваа недела - Црна Гора, Албанија, Србија, Косово. Македонија не. Премиерот, пак, вели дека не...
Иницијативата на СДСМ е отфрлена едногласно, а опозицијата вика политичка наредба без доказ. Поголемата иронија: власта што ја осуди „манипулацијата“...
Административен службеник со две последователни оценки „1“ ќе остане без работа по сила на закон. Правилото звучи строго, а вистинското...
Радически и Јахиј ќе се соочат на 1 ноември. Од резултатите секоја партија извлече своја победа, а најтивко е кај...
ДУИ речиси ги удвои гласовите, Влен изгуби 493 гласа, а СДСМ порасна од ниска основа. Во вториот круг на 1...
Нов градоначалник се избира на апарати што профункционираа благодарение на договор склучен во последен момент - иако истекот на стариот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.