Филипче бара оставка од Славески и истрага за Алта банка: Мицкоски два дена пред одземањето на дозволата во Белград велеше „не знам дали е сè во ред“
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
30.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во единствената телевизиска дебата пред вториот круг, бугарските претседателски кандидати се судрија околу Македонија. Само што спорот не беше дали бугарската позиција е правилна. Спорот беше кој има поголема заслуга за неа.
Илијана Јотова на прашањето каква треба да биде стратегијата на Бугарија одговори кратко: „Да продолжи таква каква што била“. Потоа ја додаде реченицата што ќе се памети: во неа гледате човек кој „нема да отстапи ни еден сантиметар од тоа што е веќе договорено“. За односите со Скопје тврди дека „ништо не се подобри“ од потпишувањето на Договорот за пријателство, и за јазикот на омразата и за, како што рече, прогонот на луѓе со бугарски корени, а како доказ го посочи случајот со Христијан Пендиков.
Заслугите за заштитата на националниот интерес ѝ ги припиша на интервенцијата на тогашниот претседател Румен Радев. Поранешниот премиер Кирил Петков таа го обвини дека бил подготвен да ја предаде позицијата. Петков ги отфрли обвинувањата и најави правна реакција.
Андреј Ѓуров не тргна во спротивна насока. Зеде друга рамка. Според него, францускиот предлог ги направил бугарските барања дел од европската позиција и така ѝ дал поголема тежина на Софија. И тој го спомнува внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав како услов за продолжување на процесот.
Значи изборот е меѓу кандидатка што ветува дека ќе го брани францускиот предлог и кандидат што се гордее со него. Бугарскиот новинар Румен Скрински вели дека за време на кампањата не слушнал ниту една од главните двојки да ја менува државната позиција и дека не очекува особена промена, кој и да победи. Во Бугарија, додава, кампањата не успеала да одговори ни на основното прашање што ги загрижува граѓаните: растот на цените.
Од македонска страна останува тезата на Христијан Мицкоски за „двонасочна улица“: нема дополнителен чекор без уверување дека проблемот ќе биде трајно затворен. Брисел засега останува врзан за преговарачката рамка. Балканот добро ја знае таа сцена: кандидатите се менуваат, изјавите се заострени за домашна употреба, а условот стои на маса како стара покривка.
Што ќе се смени по 1 ноември? Веројатно тонот на соговорникот. Дали некој во Софија ќе понуди нешто поинакво од францускиот предлог, засега ниту еден кандидат не го кажа тоа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
На завршниот митинг зборуваше за обединување и за институции што му служат на граѓанинот. Потоа од бината ги посочи судиите...
Архиереј на телевизија ѝ посака на една партија долговечност на доживотен претседател и ги обвини новинарите за финансиски интерес. Имиња...
Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за организиран криминал, избрана од колегите, а не од партијата. Програмата е...
Премиерот ветува јавна дебата и парламентарен надзор врз обединетата агенција. Опозицијата потсетува на прислушувањето и бара одговор и за границите...
64 наспроти 57 гласа, на избори на кои гласаат само обвинителите, а не владејачкото мнозинство. Ретка процедура во која партијата...
130 земји гласаа за укинување на американското ембарго, 17 против. Меѓу тие 17 е Македонија, втора година по ред, додека...
Филипче вели дека по Вучиќ и Орбан следен е Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ одговара со видеа од журки и заеднички омилен пејач....
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во Скопје зборуваше за поддршка и за надеж дека ќе се надминат отворените прашања...
Министерот за правда бара независно судство и неселективно обвинителство. Европската комисија во меѓувреме бележи дека делот од граѓаните што добро...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.