Филипче бара оставка од Славески и истрага за Алта банка: Мицкоски два дена пред одземањето на дозволата во Белград велеше „не знам дали е сè во ред“
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
30.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На Светскиот ден на штедењето бројката звучи убаво: на сметките на граѓаните има 7,51 милијарда евра. Толку биле депозитите на домаќинствата во септември, според податоците на Народната банка, наспроти околу 7,2 милијарди евра на почетокот на годината. За девет месеци, приближно 310 милиони евра повеќе.
Поделена на приближно 1,83 милиони жители, сумата дава околу 4.100 евра по човек. Таа бројка постои само на калкулатор. Во депозитите влегуваат и трансакциските сметки и парите по видување, значи и платата од која ќе се плати струјата следната недела. Освен тоа, од вкупната сума не може да се види колку штедачи стојат зад неа, ниту колкав дел е кај оние со најголеми салда.
Другата страна на билансот расте побрзо. Кредитите на граѓаните во септември достигнаа приближно 4,93 милијарди евра, а на годишно ниво кредитите на домаќинствата се повисоки за 12,7 проценти. Депозитите се над кредитите за повеќе од две милијарди евра, но тоа е збир на цела земја. Ништо во таа бројка не вели дека парите ги има оној што отплатува рата.
Има и прашање на цена. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во септември била 4,77 проценти, а на новопримените депозити 2,69 проценти. Инфлацијата за периодот јануари-септември е 3,6 проценти. Со други зборови, бројката на сметката расте, а она што може да се купи со неа не мора да расте воопшто.
Месец по месец, сликата не е ни толку права линија. Во март граѓаните повлекоа околу 31,8 милиони евра, а во август депозитите паднаа на 7,49 милијарди евра, по јулските 7,52 милијарди. Штедењето е реално, но и кревко.
Банките растот го читаат како доверба и имаат основа за тоа. Но за да се знае како живеат луѓето, треба друг податок: колку домаќинства имаат резерва за неколку месеци и колку не можат да покријат ни еден неочекуван трошок. Таква бројка на прославите не се покажува. Милијардите се во банките. Прашањето е чии се.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Народната банка вели дека одземената дозвола во Белград сама по себе не значи ништо автоматски за Битола. Правно е така....
Добивката е малку помала од лани, ама над планот. Најголемиот раст на каматите доаѓа од државата, а провизиите растат и...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Моделот учел од градежни дозволи низ цела Америка и ветува згради што стојат. Останува прашањето што го знае секој кој...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Премиерот бара виновник за малите пензии кај приватните друштва. Ревизијата, пак, покажала дека и државниот ПИОМ доцнел со уплатите кон...
Парите на хартија изгледаат уредно: помал дефицит, повеќе приходи, раст од 3,8 отсто. Проблемот со буџетите никогаш не бил на...
Статистиката вели дека економијата лани растела. Табелите покажуваат и што растело: повеќе бетонот и купувањето отколку фабриките.
Поголемиот дел од парите заминал за дваесет минути, а подготовките траеле најмалку 36 часа. Ако се потврди трагата кон Северна...
Вашингтон купи 10 отсто од Intel и сега учи што значи да си акционер. Дата центрите му растат за 78...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.