Skip to content

Од денеска казни за пешаци и возачи што користат мобилни уреди во сообраќајот

0 мин. читање
Сподели
Од денеска казни за пешаци и возачи што користат мобилни уреди во сообраќајот

Од денеска стапуваат во сила новите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) со кои се воведуваат казни за сите пешаци и возачи што користат мобилни и други електронски уреди за време на учество во сообраќајот.

Пешаците ќе бидат санкционирани ако:

  • преминуваат коловоз додека разговараат на мобилен телефон,

  • користат слушалки во двете уши,

  • користат смарт часовници или таблети.

Истите правила важат и за возачи на: велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, четирицикл и електричен тротинет. Исклучок се само специјализираните уреди за комуникација вградени во заштитните шлемови.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот нагласува дека целта на измените е:

  • зголемување на безбедноста на патиштата,

  • намалување на ризиците и бројот на сообраќајни незгоди,

  • заштита на човечки животи.

 Апел до сите учесници во сообраќајот: почитувајте ги правилата, затоа што безбедноста е заедничка одговорност!