Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Илјадници граѓани се собраа во Скопје на 8 март за протестниот марш „Нема да не снема”, организиран од граѓанската иницијатива „Кој е следен?” и десетина невладини организации. Со тоа денешниот Осмомартовски марш стана еден од најбројните досега.
Учесниците се собраа кај споменикот на Жена Борец и со минута молк оддадоа почит кон жените кои ги загубиле животите. Потоа маршот тргна кон зградата на Владата, каде граѓаните ги искажаа своите барања, а заврши во Градскиот парк.
На транспарентите доминираа пораки: „Нема слобода без слободни жени”, „Правда за Ивана”, „Правда за Катја”, „Правда за Росица”, „Не уште една”. Меѓу позабележителните пораки беа и „Трпи си, пријави си, умри си” и „Смртен 8 Март драги дами” – пораки кои ја отсликуваа горчината кон системот.
Организаторот Марта Стефковска објасни дека маршот е израз на отпор против „фигуративното и буквалното бришење на жените во овој систем кој ги угнетува, игнорира и не ги слуша нивните барања и плачови за помош против насилство”.
Учесниците пренесоа јасна порака до власта: „Мора да се извините на сите жени кои живеат во постојан страв и стрес, зашто поради вашиот немар сме несигурни насекаде – дома, на улица или во институции”.
Маршот заврши во Градскиот парк, каде беа положени цвеќиња пред споменикот на Вера Јоциќ, симбол на борбата за слобода и рамноправност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пролетната рамноденица донесе сончев ден во Македонија, но утрината и вечерта ќе бидат значително постудени.
Петар Богојески обвинува за немарност на Кардиологија, додека медицинскиот персонал поднесе пријава за закани и навреди.
Васе Анакиев, заменик-претседател на Социјалистичката партија, е приведен во полициска акција за примање мито.
Просечниот животен век во Македонија е 76,6 години наспроти 81,5 во ЕУ, а жените живеат 4,4 години повеќе од мажите.
Муслиманските верници во Македонија го одбележаа Бајрам со молитви и семејни собири, а реисот Фетаи упати порака за помирување и...
Проектот вреден 2,3 милиони денари вклучува 800 квадратни метри бетонски плочки и решавање на проблемот со одводнување.
ЈП за државни патишта објави контроверзен тендер за надворешни консултанти со несразмерно висока компензација.
Министерот Алиу најави дека предлог-законот ќе биде финализиран за еден до еден и пол месец, по консултации со угостителскиот сектор.
Новиот државен јавен обвинител најави дигитализација на системот и крај на практиката за задржување предмети во фиока.
Смртноста кај деца под 5 години е намалена за 75 проценти за една деценија, покажува нов извештај на ОН.