Skip to content

Русија обучувала Срби и Босанци за саботажи низ Европа – нуделе 500 долари по лице

1 мин. читање
Сподели

Русија наводно воспоставила кампови за обука во Босна и Херцеговина и Србија, каде регрути добиваат инструкции за саботажни операции низ Европа, покажува истрага на молдавските власти цитирана од Политико.

Осумдесет лица кои ги посетиле овие кампови се осомничени за организирање масовни немири во Молдавија. Дваесетмина се формално обвинети, а уште двајца се осомничени за саботажни активности во Франција и Германија.

Регрутерите таргетираат млади луѓе кои зборуваат руски, нудејќи им 300 до 500 долари. Учесниците биле информирани дека одат на „двонеделни пешачки тури во природа во планините”.

Според молдавската министерка за внатрешни работи Даниела Мисаил-Никитина, учесниците во камповите добивале обука за управување со дронови, ракување со експлозиви и чадни направи, итна медицинска помош и тактики за пробивање полициски барикади.