30 дена притвор за навивачот што онесвести дете пред „Јане Сандански“: како две навивачки групи се најдоа токму на влезот?
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога некој ќе спомене баскиски брег, се мисли на Биариц или Сан Себастијан. Меѓу нив, на само неколку километри од шпанската граница, стои град што туристичките списоци редовно го прескокнуваат, а сурферите не го испуштаат од вид – Англе.
Наречен е „француска Калифорнија” и тоа не е маркетиншка фраза измислена во некоја агенција. Атмосферата навистина потсетува на Венис Бич: дрвена пешачка патека долга четири и пол километри што оди покрај цела крајбрежна линија, велосипедска патека паралелна со неа, школи за сурф на секои стотина метри, сладоледџилници, ресторани и плажни барови отворени од утро до ноќ.
Она што го прави Англе поинаков од соседите е бројот – единаесет широки песочни плажи, одделени со карпести бранобрани, што се редат од устието на реката Адур до познатиот светилник на Биариц. И секоја има свој карактер. Ла Бар е мирна и зелена. Кавалие има силни бранови и редовни сурф натпревари. Де Дин ја претпочитаат нудистите и оди покрај теренот за голф Чиберта. Сабл д’Ор има терени за одбојка на песок и авенија посветена на најдобрите светски сурфери, нешто како холивудска патека на славните, само со даски.
Последната во низата, Петит Шамбр д’Амур, го носи најромантичното име и легендата што оди со него – за таен пар што се среќавал во пештера во карпите и покрај противењето на семејствата. Над таа пештера денес стои Кулата на љубовта, конструкција од дрво и метал на јапонскиот уметник Тадаши Кавамата, поставена првично за едно биенале на современа уметност. Реакциите биле толку добри што остана трајно, и сега е видиковец од каде се гледа целиот брег.
Зад плажите се шумите Пињада и Лазарте – 250 хектари бор и дива вегетација, за пешачење, велосипед или јавање. Таму, покрај реката, работи Нотокс, работилница што рачно изработува еколошки даски за сурф што може да се расклопат. Во истиот град семејството Гонзалез веќе пет генерации плете чистери, кошниците за баскиска пелота, од костен, врбови прачки и кожа. Дедото Жан-Луј, синот Пејо и внукот Биксенте, професионален играч, седат заедно и на секое парче трошат десетици часови, бидејќи секој играч бара своја.
Историски, Англе беше рурално место со лозја, шуми и градини што ги хранеа околните градови. Тоа наследство преживеало во стаклениците на Менди, каде семејството Мендибуру трета генерација се занимава со хортикултура среде центарот на градот. На пазарот Ал де 5 Кантон, отворен од вторник до недела наутро, се наоѓаат вистинска бајонска шунка, козји и кравји сирења, гуска од локална фарма и биодинамички вина што се пијат со острики.
Овој дел од Балканот има море, но нема океан. Ова е она другото – бран што буши, ветер што не престанува и брег каде летото не значи лежење туку движење. За еден автомобилски одмор е далеку, за авионски викенд не е. Вреди барем да се знае дека постои, наместо секоја летна прогноза да завршува на истите три дестинации.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Од 80 кули останаа нешто повеќе од дваесет, палатата во која се родила кралицата што го испрати Колумбо денес е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.