Двајца млади тврдат дека полицајци ги тепале врзани: истрагата ја води самото МВР
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Епл Мартин, 22-годишната ќерка на добитничката на Оскар Гвинет Палтроу и пејачот на Coldplay Крис Мартин, официјално дебитираше како манекенка на Неделата на модата во Париз. Пистата не беше случајна: Chloé, една од омилените куќи на холивудската елита, чиј прв ред беше преполн со ѕвезди што не сакаа да ги пропуштат ниту првите чекори на Епл, ниту новата колекција на креативната директорка Чемена Камали.
Ревијата за пролет/лето 2027 почна во десет наутро и повторно ѝ се поклони на наследството на куќата: боемска женственост, лелеави силуети, нежни везови и волани. Епл носеше романтичен бел фустан со перфорирани детали по целата должина и, наместо да се скамени од притисокот, одеше сигурно – на иста писта со легенди на манекенството како Ева Херцигова и Јулија Штегнер.
Ниту овој чекор не дојде од никаде. Годинава дипломираше на Универзитетот Вандербилт, а паралелно полека се приближуваше до рефлекторите и до глумата. Прв пат привлече внимание како гостинка на ревијата висока мода на Chanel за пролет/лето 2023, потоа следуваше кампања за Gap заедно со мајка си, а ова лето стана заштитно лице на колекцијата „Chloé à la Plage“. Од плажа до писта, за една сезона.
Вниманието во Париз го делеше и самата Камали. Откако се потврди дека Ентони Вакарело го напушта Saint Laurent, гласините за нејзиното заминување од Chloé само се засилија, а нејзините зборови за колекцијата добија звук на збогување: „Нека љубовта вложена во оваа колекција трае засекогаш. Оваа сезона ме водеше љубовта кон Chloé. Се надевам дека колекцијата е израз на срцето и душата на куќата. Засекогаш Chloé.“ Дали тоа беше нејзиниот последен танц, ќе покаже следната сезона.
Модната индустрија сака да ги нарекува „нова генерација“. Публиката има поостар израз – деца на непотизмот, за кои вратите се отвораат уште пред да чукнат. Епл, барем засега, прошета без сопнување. Но колку манекенки без познато презиме ќе чекаат цела кариера за една ваква утринска ревија во Париз?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ѓердан од 6 милиони евра, чизми до 30.000 евра, торба Hermès што на аукција постигнала 349.000 евра. Ѕвездите носат цели...
Црните точки и бубулиците почесто доаѓаат од вечерната рутина отколку од пропуштениот третман. Кое чистење одговара на која кожа -...
Пред да стане модна изјава, невестинскиот букет бил амајлија од лук и билки против злите духови. Трендовите се менуваат, а...
Палтото што модните редакции го прогласија за тренд на зимата, брош од накитот на свекрвата и торба од 107 евра:...
„Во тие години косата се крати“ - реченица што фризерите одамна ја пензионираа. Четири кроја што не одат под клучната...
Свилената перница на бабата заврши како ракави, нејзината стара покривка во фустанот, а една нараквица на главата на невестата. Свадба...
Никола Гескиер во дворот на Лувр ја облече жената за градови што се вжештуваат: проѕирни слоеви, газа и свила наместо...
Дишењето на уста, наведнатата глава над телефонот и шминката што останува преку ноќ. Три од четирите решенија не чинат ништо...
Република повеќе од еден век, а во Мафра - тијара од 1887, фустан како на мајката и втор фустан што...
Во Гран Пале, со торбата 2.55 на самата Габриел Шанел на пистата, Блази зборуваше за слобода. Шљокици што се носат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.