Двајца млади тврдат дека полицајци ги тепале врзани: истрагата ја води самото МВР
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Земјоделците го кажуваат без многу зборови: досега тие работеа, а најголем ќар имаа откупувачите. Министерството за земјоделство сега предлага правилата да се сменат – со два нацрт-текста, од кои измените на Законот за земјоделство и рурален развој се објавени на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).
Цената пред откупот, не после
Нацрт-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи воведува правило што звучи очигледно: организиран откуп ќе можат да вршат само правни лица и трговци поединци запишани во Регистар на откупувачи. Регистарот ќе го води министерството, а дел од податоците ќе бидат јавни, па земјоделецот ќе може да провери дали откупувачот е регистриран и за кои производи.
Откупот ќе мора да се врши врз основа на писмен договор. Ако нема однапред утврдена фиксна цена, откупувачот ќе мора пред почетокот на откупот јасно и видливо да ја истакне цената или начинот на нејзино пресметување, а методот мора да биде „јасен, разбирлив, проверлив и достапен на договорните страни“. При предавањето, земјоделецот ќе добива документ за прием со количината, квалитетот, цената, вкупната вредност и рокот за плаќање.
Откупувачите ќе мора да имаат исправна и заверена вага. За производи кај кои постои поголем ризик од ненавремена исплата, Владата ќе може да бара доказ за финансиска способност – банкарска гаранција, кредитна линија или осигурување на плаќањето. А за регистрација, откупувачот не смее да има неизмирени долгови кон земјоделци утврдени со правосилна одлука.
Казни според големината
Втората измена, на Законот за земјоделство и рурален развој, ги носи забите. Глобите повеќе нема да бидат исти за сите. За прекршоци при откупот, микро друштво би плаќало од 700 до 1.000 евра, мало од 1.500 до 2.000, средно од 5.000 до 6.000, а големо од 8.000 до 10.000 евра. Одговорното лице во компанијата може да добие глоба од 300 до 500 евра, а за одредени прекршоци се предвидува и привремена забрана за вршење дејност од три месеци до две години. Казниви се, меѓу другото, откупот без запишување во регистарот, неисплатата на откупените производи и незаконските измени на договорите.
„Само со казни можно е да се воведе некаков ред. Ќе се знае кој откупува, како и по која цена“, велат земјоделци што произведуваат раноградинарски култури.
На хартија, ова е еден од поразумните предлози за селото во последно време. Но хартијата е лесниот дел. Регистарот, договорите и заверените ваги значат нешто само ако Државниот инспекторат за земјоделство навистина излезе на откупните места во сезона, кога камионите чекаат во редица, а цената се договара на лице место. Тоа ниту еден нацрт не може да го гарантира.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерството пресмета 58.475 денари месечно за четиричлено семејство. Синдикатите велат дека и со таа бројка, на семејство со две минимални...
Износот, каматата и рокот на обврзницата засега не се соопштени. Јасно е само дека каматите на долгот во 2027 ќе...
„Проекс Интернационал“ го презеде синџирот што 30 години го градеше семејството Тодоровиќ. Цената не се спомнува, ветувањата се многу.
Додека индустријата им ги дава на ВИ-агентите клучевите од компјутерите, еден тест-модел сам пополнил полициски формулар за нерасчистено убиство. Полицијата...
Потпишани договори за половина милион долари, пазар проценет на дваесет милијарди и робот со клешта наместо вшмукување. Шкотскиот стартап продава...
Човекот што пред две години најавуваше социјална мрежа со вештачка интелигенција сега токму неа ја обвинува дека го раствора она...
Со пониските акцизи приходите се намалија, а дефицитот остана ист - па ножот падна врз инвестициите. Животната средина губи 1,5...
Николоски вели дека виновник не е план против балканските превозници, туку бавната европска бирократија. Решение има - но различно за...
Николоски брои над 10.000 возила дневно кон и од Косово и ветува помалку загадување. Но линијата чека туѓ тунел, а...
Барелот поскапе 3,7 отсто за едно утро, европските берзи паднаа, а златото е над 4.100 долари. Пазарите гледаат во Хормузскиот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.