Skip to content

Додека светот гледа кон Иран, Северна Кореја тестира ракети – седми пат оваа година

1 мин. читање
Сподели

Северна Кореја повторно лансира балистички проектили – овој пат кон исток, според јужнокорејската агенција Јонхап. Јапонските власти го потврдија инцидентот. Ова е седмото лансирање оваа година и четвртото само во април.

Професорот Лим Еул-чул од Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја смета дека Пјонгјанг го искористува моментот додека Америка е фокусирана на Иран. Додека светот гледа кон Ормузскиот Теснец, Ким Џонг Ун си ја тестира арсеналот.

Проектилите паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Ваквите тестови ги прекршуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН – но Пјонгјанг ги отфрла рестрикциите, тврдејќи дека тие го нарушуваат суверенитетот и правото на самоодбрана.

Светот има многу фронтови – Иран, Украина, Тајван. Северна Кореја не сака да биде заборавена. И секој пат кога некој друг конфликт го одвлече вниманието, Пјонгјанг потсетува дека е тука.