Јотова до Мицкоски: разговори „без ултиматуми“, но Скопје прво да заборави дека прашањето е билатерално
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
03.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
05.10.2026
04.10.2026
04.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
02.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пред почетокот на зимата, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, упати апел до граѓаните: не купувајте огревно дрво од дрвокрадци, дури и кога ви го нудат поевтино. Секое такво купување, вели тој, е директна поддршка за оние што ги пустошат македонските шуми.
Зад секоја бесправна сеча, според Михаилов, стои организирана група, која честопати не се двоуми физички да ги нападне вработените во претпријатието и припадниците на шумската полиција. Како пример го посочи инцидентот од летово во Штипскиот Регион. „Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице“, порача тој.
Потоа дојде реченицата што е поважна од самиот апел. „Да, сè уште има наши вработени, за кои за жал утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон“, рече Михаилов. Според него, веќе има суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки.
Значи, од граѓанинот што купува дрва за да ја помине зимата се бара да ја провери легалноста на товарот пред својата куќа. А кога организираната сеча има свои луѓе и внатре во претпријатието што треба да ја спречи – кој ја чува шумата? Колку суспензии, колку пријави и за колку вработени – бројки не беа соопштени.
Шумите годинава ги нагризува и огнот. Минатиот месец Михаилов информираше дека претпријатието регистрирало 138 шумски пожари, а опожарените површини од летната сезона се бројат во стотици хектари. Штетите допрва ќе се утврдуваат.
Апелот до граѓаните е на место. Но првата линија на одбрана на шумата не е купувачот пред куќата, туку чуварот во шумата. И таму, според зборовите на самиот заменик-директор, работата сè уште не е исчистена.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Новороденото ждребе лежеше на коловозот додека телефоните снимаа. Еден час подоцна активистката сè уште бараше институција што ќе крене слушалка.
Околу илјада нови случаи годишно, околу 7.000 жени што се лекуваат или се лекувале и скрининг-програма што Државниот завод за...
На 35. издание на „Денови на кочанскиот ориз“ министерот Серафимовски рече дека Министерството е сериозно засегнато за цената на оризот....
За готвач/келнер се запишаа четворица, за автомеханичар шестмина. Министерството дозволи помали гимназиски паралелки, но не и стручни - па десетмината...
Над 3.500 кубни метри расчистен материјал, повеќе од 150 отстранети хаварисани возила и градинка за 130 деца во Козле. Бројките...
До минимално дозволената кота остануваат 26 сантиметри. Повлекувањето е видливо долж брегот, а објаснување за наглиот пад во август во...
Рекорден број учесници од 63 земји, Кенијци на врвот и еден „Александар Македонски“ на патеката. Скопје за едно претпладне им...
Продолжување на стариот пат, вода за Гургурница, млади што да не заминуваат и општински претпријатија. Една кандидатка воопшто не одговорила...
Министерот Велковски го отвори центарот и зборуваше за општество во кое секој има еднаква можност. Капацитетот е 12 корисници месечно.
Мал фудбал, ракомет и кошарка, ограда и осветлување. Парите се од владин повик, а вистинскиот тест доаѓа по неколку зими.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.