Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Приказна која ги запали социјалните мрежи: американски генерал наводно одбил да му ги даде нуклеарните кодови на Доналд Трамп за време на кризата со Иран. Белата куќа категорично демантира. Но дали приказната е важна дури и ако не е вистинита?
Наративот потекнува од Лари Џонсон, поранешен офицер на ЦИА, кој во подкастот „Judging Freedom” тврдеше дека на состанокот во Белата куќа на 18 април генералот Ден Кејн, претседател на Здружените началници, одбил наредба на претседателот. Снимка на генералот како оди низ дворот на Белата куќа со наведена глава беше претставена како „доказ.”
Факти наспроти наративи
Ниту еден кредибилен медиум или владин функционер не потврдил дека Трамп барал активирање на нуклеарниот арсенал. Дури и републиканскиот сенатор Том Тилис рече дека би му „требала потврда од неколку извори” пред воопшто да коментира.
Самата структура на американската нуклеарна команда го побива драматичниот сценарио. Претседателот на Здружените началници е советник, не оперативен командант. Законски издадена претседателска наредба мора да се изврши – не може едноставно да се одбие на состанок. Такво нешто би било уставна криза без преседан.
А за кредибилитетот на Џонсон: поранешниот офицер на ЦИА редовно се појавува на руски државни медиуми и промовира про-кремловски наративи. Во 2017 година изнесе необосновани тврдења за британското разузнавање – тврдења кои и Лондон и Вашингтон ги отфрлија.
Приказната е класичен пример за тоа како функционира дезинформацијата: земи вистински настан (состанокот од 18 април), додај ја драматика (нуклеарни кодови), пласирај го преку наводен „инсајдер” – и остави интернетот сам да ја заврши работата. Дали е важно што не е потврдена? За милиони луѓе кои веќе ја споделија – воопшто не.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Санкции воведени поради една војна се нудат како монета за сосема друг спор. Мнозинството членки се против - но за...
Ел Нињо во Пацификот ги поместува струењата што одлучуваат каде ќе падне снегот. Подрачје кое обично добива еден метар годишно,...
Најлесниот начин да се отфрли неудобен аргумент е да се покаже кој го кажува. Но од тоа сметката за струја...
Апелациониот суд одлучи целото судење да се повтори од почеток. Синот на норвешката кралица го чека тоа во имањето каде...
Трамп ги намали воените вежби за да ја смири тензијата, а од Вонсан пристигна одговор во форма на проектили. Што...
Санкционата листа доби продолжување од седум дена наместо од месеци, потег што и самите дипломати го нарекуваат без преседан. Две...
Швајцарија понуди маса за преговори за Украина, Москва одговори дека таа маса веќе не е неутрална откако Берн ги усвои...
Тестаментот вели едно, комитетот од дваесет и еден човек одлучи друго. Кралицата-мајка тврди дека војската ја повлекла стражата од палатата.
Земјата што со децении беше европски пример за стабилност денес има парламент поделен на два блока со разлика помала од...
Шеснаесет години на власт, пораз на редовни избори, пет месеци тишина - а сега изборниот резултат се преформулира во нешто...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.