Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Двајца бизнисмени поврзани со поранешното раководство на ДУИ го презеле сопствеништвото на компанијата „Интернатионал Фреш Фоод“, фирма која во своите почетоци добивала државна финансиска поддршка и беше претставена како голема инвестиција за снабдување на брендот KFC со пилешко месо во регионот.
Компанијата е регистрирана во 2018 година и беше најавувана како најголем проект во живинарската индустрија во Македонија. Во 2020 и 2021 година, Владата ѝ доделила вкупно над половина милион евра државна помош за инвестирање.
Меѓу новите сопственици се појавува Ељмедин Адеми, сопственик на градежната компанија „Еуровиа“ од Желино – фирма која беше предмет на ревизија поради повеќе тендери, меѓу кои и оној за адаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ.
Адеми е внук на поранешниот министер од ДУИ Абдулаќим Адеми, а „Еуровиа“ беше еден од најголемите донатори на партијата.
Од сопственичката структура во меѓувреме излегол Аљибер Ибраими од Тетово – лице поврзано со компании кои во време на енергетската криза набавуваа јаглен за РЕК Битола во вредност од десетици милиони евра.
Базата на „Интернатионал Фреш Фоод“ се наоѓа во Врапчиште, со подружници во Скопје, Требош и Крива Паланка. Проектот првично беше промовиран како инвестиција со европски стандарди, која ќе создаде 3.000 нови работни места и ќе развие модерно производство на свежо пилешко месо за домашниот и регионалниот пазар.
Во минатото, фабричките капацитети беа посетувани и промовирани од политичари, а проектот се претставуваше како пример за успешна странска и домашна соработка во агросекторот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...