КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Додека светот зборува за вештачка интелигенција како за софтвер, Јужна Кореја штотуку потсети дека сето тоа седи на нешто многу пофизичко – меморија. Самсунг и SK Hynix, двата најголеми производители на мемориски чипови во светот, најавија вложувања што заедно надминуваат 550 милијарди долари за да го смират она што индустријата го нарекува „RAMageddon”.
Терминот не е маркетинг. Станува збор за светски недостиг на мемориски чипови, предизвикан од трката за градба на инфраструктура за ВИ. Секој нов дата центар, секој нов модел, бара огромни количини меморија – и побарувачката одеднаш ги надмина капацитетите. Истиот тој недостиг е причината зошто Mac и iPad неодамна поскапеа; кога гладот за чипови расте, сметката ја плаќа потрошувачот на крајот од синџирот.
Бројките се огромни дури и за оваа индустрија. Самсунг најавува план од над 2.600 трилиони вони (околу 1,7 трилиони долари) за следната деценија, додека SK Group поставува патоказ од 2.100 трилиони вони. Конкретно за чиповите оди околу 518 милијарди долари за четири нови фабрики за меморија и уште 356 милијарди долари за дата центри за ВИ до 2035 година. Претседателот Ли Џае Мјунг го нарече 2026 годината во која земјата станува „незаменлива” индустриска сила.
Зад грандиозните бројки седи трезвена пресметка. Кореја гледа дека вистинската моќ во ерата на ВИ нема да биде кај оние што пишуваат модели, туку кај оние што ги произведуваат чиповите без кои ниеден модел не работи. Додека Вашингтон и Пекинг се борат за софтверот, Сеул тивко се позиционира како фабрика што не може да се заобиколи. Тоа е стара балканска мудрост во нова облека – кога сите копаат злато, најмногу заработува тој што продава лопати.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.