КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Косово можеби конечно ќе добие претседател. По речиси две години во кои институциите работеа на празен од, партијата на техничкиот премиер Албин Курти и опозициската ЛДК се договорија да поддржат заеднички кандидат. Ако договорот издржи, блокадата што ја држеше државата заглавена завршува.
Предложениот кандидат е Беким Сејдиу, 51-годишен професор по право на Универзитетот во Приштина. Претходно бил амбасадор на Косово во Турција и генерален конзул во Њујорк. Функцијата што ја добива е во голема мера церемонијална, што само по себе е поентата на приказната: две години беа потрошени за место што нема извршна моќ.
Аритметиката што ја држеше државата заглавена
Партијата на Курти има 53 од 120 пратенички места. ЛДК има 18 и е трета по големина. За влада на Курти му недостасуваат само неколку пратеници од малцинските партии. За претседател, пак, треба двотретинско мнозинство, односно 80 гласа, и токму таа бројка беше ѕидот во кој се удираше секој обид досега.
Заедно со малцинските партии, двете страни сега можат да ги соберат тие 80 гласа. „Се надеваме и веруваме дека Република Косово, како што правела многупати во минатото, повторно ќе најде начин да продолжи напред и да се соочи со големите предизвици што нè чекаат“, изјави Сејдиу на прес-конференција по договорот.
Изборите на 7 јуни беа трети национални избори во помалку од 18 месеци, и тие се одржаа токму затоа што претседател не можеше да се избере. Целата таа изборна машинерија се вртеше околу една функција што нема извршна моќ. Трошокот го поднесоа граѓаните, не партиите што не се договараа.
Косово е меѓу најсиромашните држави во Европа и сака членство во ЕУ. Брисел веќе повеќепати повтори дека без стабилни институции нема реформи, а без реформи нема ниту пари ниту напредок. Политичката нестабилност директно ги блокираше и едните и другите.
Термините за седниците на кои треба да се избере претседател на Собранието, да се потврди новата влада и да се гласа за претседател на државата сè уште не се закажани. Договорот постои, датумот не. На Балканот тоа е разлика која знае да трае со месеци.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Цела година МВР тврдеше дека во владината гаража немало никакво малтретирање. Потоа СНС ги загуби изборите - и командантот на...
Десет дена по изборите што ги загуби, Вучиќ ја предупредува Србија со македонскиот пример: аплаузи од Брисел, сменето име, а...
„Колеги, дојдовте ли по мене?“ Поранешниот министер тврди дека е чист, а прашањето дали некој му ја отворил вратата на...
Марко Кричак е уапсен една недела откако Вучиќ ги загуби изборите, иако истрагата, вели обвинителот, почнала уште во мај. Балканот...
Настрешницата уби 16 луѓе и покрена лавина што ја собори власта на Вучиќ. Студентите имаат програма од 1.200 страници, а...
Во сабота НБРМ велеше дека Алта Битола е посебен субјект, во недела воведе привремена управа. Српска банка падна неполна недела...
Пред изборите - „против санкции“. По изборите - „ќе одлучат граѓаните“. Еврокомесарката вели дека без усогласување со ЕУ тешко дека...
Со години студентите ги немаше на екранот на јавниот сервис. Сега РТС се извинува „за сè што е изоставено“ -...
Република Српска платила лобисти блиски до Трамп, а правосилно осудениот Додик сега наводно оди на гала во Флорида. Кога судбината...
Пред партијата признава „бахатост и ароганција“, а во продолжение на говорот новата власт ја вика талог и тиња. Балканот има...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.