Државна лотарија: две апсења за проневера од 80 милиони денари, а главниот сведок на судот ја смени приказната
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога Хари и Меган во 2018 сакаа мир, не отидоа во Лондон и не отидоа во Америка. Изнајмија куќа во Грејт Тју, во Котсволдс, и сериозно размислуваа да останат таму засекогаш. Сега, кога повторно се спомнува нивно враќање во Британија, истиот регион пак е на списокот. Прашањето е што има таму што го нема на другите места.
Одговорот е доста прозаичен: камен во боја на мед, ридови, и способност некој да живее целосно видливо, а сепак никој да не му доаѓа пред врата. Дејвид и Викторија Бекам имаат имот таму. Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња за да вреди да се помине – селата стојат таму со векови пред сите нив.
Регион што се гледа само со кола
Котсволдс се протега низ грофовиите Глостершир, Оксфордшир, Ворикшир, Вилтшир, Вустершир и Сомерсет. Тоа значи дека обиколка со автомобил не е препорака, туку единствениот начин работата да има смисла. Споредните патишта се дел од искуството – тие ги врзуваат селата меѓусебно.
Бродвеј е добра појдовна точка. Главната улица е низа историски варовнички куќи, дуќани, галерии и ресторани, повеќето изградени во златната ера на трговијата со волна. Кулата Бродвеј, над градот, дава поглед врз целата околина.
Стоу-он-д-Волд и ритуалот што не се прескокнува
Неколку километри понатаму е Стоу-он-д-Волд, со огромен централен плоштад што сè уште раскажува дека тука се тргувало со волна и добиток. Тука се пие cream tea – чај со скони, џем и густа павлака. Селото ги чува и старите тесни сокаци низ кои во деновите на големите саеми поминувале стадата.
Бортон-он-д-Вотер го дели реката Виндраш, а над неа има низа мали камени мостови. Го викаат Венеција на Котсволдс, што е претерување дури и за англиски стандарди, но местото е убаво и без таа етикета. Има и макета на самото село, направена во средината на дваесеттиот век, со реплики на улиците и зградите.
Улицата што е најфотографирана во Англија
Арлингтон Роу во Бајбери е веројатно најточниот приказ на тоа што е Котсволдс: низа мали куќи во боја на мед, со коси кровови, изградени првично како живеалишта за ткајачи на волна. Денес се една од најпрепознатливите слики на Англија и се појавиле во безброј филмови.
Чипинг Камден продолжува по истата линија – главна улица со историски куќи во златен камен и дуќани, некои со стари сламени кровови. Тетбери е поранешен волнарски град, сега познат по антикварници. Во негова близина е Хајгроув, летната резиденција на кралот Чарлс III, чии градини се посетуваат на одредени датуми преку организирани тури. Кастл Ком, во Вилтшир, е толку недопрен што редовно се користи како снимателска локација за историски филмови и серии.
Патеки, палати и пабови
Најдоброто од Котсволдс не е во селата, туку меѓу нив. Регионот има густа мрежа патеки низ ливади, шуми и ридови. The Cotswold Way е главната долга патека што го пресекува регионот од север кон југ – но не мора да се изоди цела; повеќето делници се направени за прошетка од еден час и враќање во село на ручек.
Тука е и палатата Бленхајм кај Вудсток, каде е роден Винстон Черчил, и замокот Судели, поврзан со Кетрин Пар, последната сопруга на Хенри VIII. За јадење, руралните пабови се посериозна работа отколку што звучи – The Wild Rabbit во Кингам и The Kingham Plough работат со локални производители.
Маршрутата бара најмалку две ноќевања. The Porch House во Стоу-он-д-Волд и The Lygon Arms во Бродвеј се стари гостилници претворени во хотели. И тука е контрастот со она што ние го нарекуваме туристички развој: во Котсволдс, вредноста е во тоа што ништо не е срушено за да се направи нешто ново.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Топка сладолед, врело еспресо одозгора и шест адреси покрај Арно. Во Фиренца ова не е летен десерт, туку повод за...
Супа од лосос на пристаништето, Алвар Аалто во УНЕСКО и село на Арктичкиот круг каде што влезот е бесплатен. Протоколарната...
Меѓу двата краја на селото стои само камен-белег покрај костен - и еден час разлика. Кога во 1974 година некој...
Сите го знаат Каркасон. Малкумина се качиле до неговите седум „помали браќа“ - тврдини што изгледаат како да израснале од...
Фонтаната е подигната за победата над османлиската флота кај Лепанто, а гроздоберот што ја полни со вино трае од 1925...
Еден молец што никогаш не излегол од чаурата ја отвори ерата на стаклото и железото. Од неа останаа стакленик со...
Шпански актер се вратил во Канада децении по патувањето што го направил како дете, по смртта на татко си. Овојпат...
Алгарве не е само плажи. На неполни 20 километри од Фаро има град каде локалите на пазарот мора да купуваат...
Од 28 септември до 6 октомври Париз е писта. А ѕвездите по ревиите бараат стек со бибер, сладолед со вино...
Околу 1.500 жители, 12,9 квадратни километри и пат од седум километри низ туѓа држава. Една од најстарите аптеки во Европа...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.