Славески му порача на Филипче да го избрише „срамниот пост“: Клиентите на Алта банка наместо рок добија дуел на Икс
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Македонија влезе во формални преговори со Обединетото Кралство за можноста да прифаќа мигранти чии барања за азил биле одбиени во Британија, објави британскиот „Тајмс“, повикувајќи се на владини извори. Веста ја пренесоа и други британски медиуми, со дополнителни детали и контекст.
Според нивните информации, станува збор за нов модел на соработка со кој Лондон би ги пренасочувал одредени категории мигранти кон партнерски земји. Предлог-планот предвидува финансиска поддршка за Македонија за секој лице што би го прифатила, како и дополнителни инвестиции во безбедносниот сектор, во светло на зголеменото руско влијание на Западен Балкан.
Разговорите започнале оваа есен, со што Македонија се приклучила на група држави кои преговараат за слични аранжмани. Британскиот премиер Кир Стармер ја гледа оваа шема како потенцијално средство за одвраќање на мигрантите што се обидуваат да го преминат Ла Манш со мали чамци.
Според информациите, мигрантите би можеле да поднесат барање за азил во Македонија или да аплицираат за работни визи во сектори со недостиг на работна сила. За разлика од моделот „Руанда“ на претходната британска влада, мигрантите нема да бидат сместени во затворен тип центри и би можеле слободно да ја напуштат земјата.
Истовремено, косовските власти наводно веќе воделе слични разговори, додека Албанија и Босна и Херцеговина одбиле ваков аранжман.
Од канцеларијата на британскиот премиер одговориле дека не коментираат тековни иницијативи, но нагласиле дека Лондон работи на сериозни мерки за справување со миграцијата.
Сепак, ваквите тврдења веќе еднаш беа демантирани. На 17 мај 2025 година, британскиот амбасадор Метју Лосон изјави дека договорите меѓу Македонија и Обединетото Кралство се однесуваат на полициска соработка, разузнавање и борба против криминални групи, а не на прифаќање мигранти.
Развојот на овие разговори доаѓа во период кога бројот на мигранти што пристигнуваат во Британија преку Ла Манш достигна над 39.000 оваа година – 17% повеќе од истиот период лани.
Северна Македонија и Обединетото Кралство неодамна склучија и стратешки договор што предвидува британска помош за изградба на брза железница на Коридорот 10, за која Скопје треба да повлече кредитна линија од околу шест милијарди евра.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Прашањето беше што да прави мала држава што го смени името, а патот кон ЕУ ѝ остана блокиран. Одговорот на...
Дел ќе се донира, остатокот ќе стане кукли, јоргани и перници. Собирен центар мора да има секоја општина над 30.000...
Дел завршени, дел во фаза на реализација. Набројани се неколку училишта, а бројка за завршените и за парите нема.
Малолетници палат петарди, наводно купени на Бит-пазар. МВР потсетува дека е забрането, а на жителите им останува да прашуваат кој...
Градскиот воз вози меѓу 300 и 500 патници дневно, а два воза кон Велес и еден кон Битола се укинати....
Коњи на улица, кози до Широк Сокак, забрана на хартија, зоолошка што чека. А градоначалникот признава дека некој однапред кажувал...
Бројката е официјална, од државна комисија. Она што зад неа стои е жена што нема каде да се врати ако...
Обврската стои на хартија, а двата други центра во земјава се сè уште само најава. Првиот чекор го направи фондација,...
Голема бројка, мала улица, полн состав на увид. Една дванаесеттина од сумата може да се покаже со прст, за останатото...
Секоја власт сака слика со инспектори и тезга. Поважно е што ќе има на тротоарот кога инспекторите ќе заминат.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.