Skip to content

Мерц: Дроновите над Германија можеби се дел од руска операција за извидување

0 мин. читање
Сподели
Мерц: Дроновите над Германија можеби се дел од руска операција за извидување

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека постои сериозен сомнеж дека Русија стои зад серијата беспилотни летала забележани над Германија изминатиот викенд, кога беа откажани десетици летови и повеќе од 10.000 патници останаа блокирани на аеродромот во Минхен.

Мерц посочи дека фреквенцијата на вакви инциденти е без преседан, дури и во споредба со Студената војна, и дека сите дронови биле невооружени и користени за извидувачки цели.

Во последните недели, слични неидентификувани дронови се појавиле и над неколку други европски земји. Во Данска, властите пријавиле летови над аеродромот Каруп и други воени објекти, поради што бил воведен привремен мораториум за цивилни дронови и зголемен воениот надзор. Данското разузнавање овие појави ги оцени како „хибридни напади“, обвинувајќи ја Русија за мешање во безбедноста на земјата.

Сомнителни летови на дронови се пријавени и во Белгија, особено над воената база Елзенборн, како и во Германија, каде што инцидентите стануваат сè почести во близина на воени и индустриски зони.

Европските безбедносни служби ја следат ситуацијата, оценувајќи дека дроновите можат да претставуваат дел од поширока стратегија на притисок и шпионажа во рамки на тековните геополитички тензии.