Битола ги собра сите за иста маса: малолетници по кафеани, дрога, диви тротинети – но дали по записникот следи и акција?
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
12.07.2026
11.07.2026
12.07.2026
11.07.2026
10.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
11.07.2026
10.07.2026
09.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Meta во вторникот го претстави Muse Image, нов генератор на слики со вештачка интелигенција изработен во нејзиното одделение Superintelligence Labs. Алатката, интерно позната под кодното име Mango, е бесплатна и веднаш достапна преку апликацијата Meta AI, во приказните на Instagram и во WhatsApp. Дотука – уште еден генератор во морето генератори. Но еден детал ја издвојува приказната.
Muse дозволува да означите кој било корисник со јавен профил на Instagram и неговите фотографии да ги искористите како суровина за ваши ВИ-креации. Без прашање, без известување. Политиката на Meta го кажува тоа црно на бело: други луѓе „може да создаваат содржина со вашата содржина од Instagram”, а вие „нема да бидете известени за содржината создадена со ВИ-алатките”. Еден корисник на X го нарече ова „приватносна мина што чека да експлодира” – и тешко е да се најде попрецизен опис.
Meta, се разбира, тврди дека корисниците „имаат контрола” – постои поставка со која може да го исклучите користењето на вашите фотографии. Преведено од корпоративен јазик: сè е дозволено додека самите не откриете каде се крие копчето за забрана. Стар трик на индустријата – согласноста е автоматска, а одбивањето бара труд.
Остатокот од пакетот е предвидлив: готови шаблони за „инспирација”, уредување слики со текстуални команди, бришење непожелни минувачи од фотографии, генерирање QR-кодови, па дури и проба како половен кауч од Facebook Marketplace би изгледал во вашата гаража. Бесплатно за секојдневно создавање, а над одредена граница – претплата. Формулата е позната: прво навикнување, па наплата. А прашањето што виси е поедноставно – кој на Балканот, каде јавен профил имаат речиси сите, воопшто ќе ја најде таа поставка пред некој да го „вгради” во туѓа објава?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Додека Meta ти става камера на лицето, Even Realities намерно ја исфрли - и стана еднорог токму на тоа. Понекогаш...
Родителите што користат ChatGPT скокнаа на 24 проценти за една година. Сега компанијата гради ВИ за целото семејство - а...
За првпат регулатор официјално вели дека бесконечното скролање е дизајнирано да не држи заглавени. Брисел притиска со казни, а Балканот...
Физичари од Калтех тврдат дека нашле начин да поправаат грешки со многу помалку кубити - а Џеф Безос и врвните...
Apple тврди дека OpenAI организирано краде деловни тајни преку поранешни вработени - точно кога OpenAI гради уред што директно ќе...
Девет месеци по пуштањето, Atlas е историја. OpenAI заклучи дека прелистувачот е функција, не одредиште - и патот до корисникот...
Sol, Terra и Luna влегуваат во веќе преполно поле. OpenAI тврди дека ги надминува моделите на Anthropic на секој чекор...
Најмалку шест пати итните служби рачно поместувале робо-такси за да поминат. Регулаторот вели дека тоа не е реткост туку секојдневие...
Синтетички дијаманти што гледаат низ чип за две минути наместо недели. И зад проектот - јавни европски пари, не Силикон...
Нов ВИ-модел, старо позиционирање: побрзо, поевтино и „споредливо со најдобриот". Цената навистина е пониска - но дали и квалитетот е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе