Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога принцот Хари и Меган во декември 2017 го избраа Нотингем за својот прв заеднички официјален настап, само неколку недели по објавата на свршувачката, градот доби кралска фотографија. Речиси девет години подоцна, војводите од Сасекс се враќаат таму – во Community Recording Studio, социјален проект што им помага на младите преку креативни и спортски активности. Добра пригода да се види што крие Нотингем покрај легендата.
А легендата е неизбежна. Робин Худ, одметникот што им земал на богатите за да им дава на сиромашните, е лицето на градот: неговата статуа стои кај замокот, а приказната за него има место и во музејот. Балканот ги има своите ајдути и песни за нив – Англија од својот направи туристички бренд.
Замокот на карпата
Замокот Нотингем стои на Касл Рок, карпа на која речиси илјада години се одвиваат клучни настани од англиската историја. Зградата што ја гледаат посетителите денес е резултат на неколку обнови, а во нејзиниот музеј и галерии се раскажува локалната историја и, се разбира, приказната за Робин Худ. Најинтересниот дел е под земја: тури низ пештерите на замокот, меѓу кои Mortimer’s Hole и King David’s Dungeon.
Град под градот
Под Нотингем се протега широка мрежа од пештери издлабени во карпата, кои со векови служеле како визби, магацини и работилници. Во City of Caves се шета низ ходници, низ средновековна кожарска работилница и низ засолништа од воздушни напади од Втората светска војна. Во една тура се минуваат векови – од кожарите до луѓето што се криеле од бомбите.
Веднаш до замокот е Ye Olde Trip to Jerusalem, паб издлабен во карпата, за кој се вели дека е еден од најстарите во Англија. Пиво во пештера, под тврдина – тешко дека некој туристички маркетинг би смислил подобра приказна.
Чипка, тули и уметност
Лејс Маркет некогаш бил центар на производството чипка и сè уште ги чува магацините и фабриките од црвени тули. Таму е и црквата Света Марија, најстарата парохиска црква во градот. Старите индустриски згради денес ги полнат кафулиња, независни продавници и културни простори, а во соседниот кварт Хокли има уште мали дуќани, кафулиња и креативни бизниси.
Галеријата Nottingham Contemporary нуди привремени изложби на модерна и современа уметност, и тоа со бесплатен влез. Централниот плоштад Олд Маркет Сквер е место за пазари и настани.
Елени и дабот на одметникот
Волатон Хол е елизабетанска палата во голем парк каде што слободно шетаат елени, а во неа е сместен Природонаучниот музеј на Нотингем. Подалеку од градот, во грофовијата Нотингемшир, е шумата Шервуд и Мејџор Оук – многу стар даб за кој се вели дека бил едно од скривалиштата на Робин Худ.
За ноќевање, Колвик Хол е џорџијанска палата на периферијата на градот, поврзана со семејството на лордот Бајрон. За вечера, Restaurant Sat Bains with Rooms има две ѕвезди Michelin и само седум соби. Од легенда за одметник до две ѕвезди Michelin – Нотингем успеал да ги продаде и двете.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во Кенија жирафите доаѓаат на појадок, во Кина хотелот е вкопан во каменолом длабок 88 метри, а во Занзибар спиеш...
Час и половина од Ољантајтамбо до Агуас Калиентес, врвови над 4.000 метри и вагон за само осум патници. Најубавото патување...
Фасади во зелено и бело, шест стари порти и зоци со зачини: некогашната престолнина на шпанскиот протекторат е Мароко без...
Изграден е во 1963 година за да носи залихи до најосамените шкотски светилници. Денес на него се пие чај сервиран...
Град што Втората светска војна го претвори во урнатини, денес ја продава својата барокна раскош и штолен - на 5...
Островот Поилао е свет и забранет за самиот народ Бижагош - и токму затоа желките таму сè уште се враќаат....
Шпанскиот актер Дани Ровира ги нарече „убаво, диво и прочистувачко место“. Пред да тргнеш, добро е да знаеш дека се...
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.