Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
По години во кои секоја вест за Преспанското Езеро беше вест за исчезнување, конечно доаѓа поинаков наслов: водата се крена. Нивото порасна на околу 841,98 метри надморска височина – покачување од над метар и половина за шест месеци, прв вистински пресврт по децении на опаѓање.
Бројките даваат и надеж и опомена. Од декември лани, нивото е зголемено за 111 сантиметри, а според некои општински мерења и до 160 сантиметри. Сепак, до таканаречената „нула” – референтното ниво од 847,6 метри – на езерото сè уште му фалат над 5,6 метри. Со други зборови, едно добро дождливо полугодие не ја враќа штетата од децении.
Контекстот е суров. Според податоци на Македонското еколошко друштво од мерната станица во Наколец, езерото го достигнало историскиот максимум од околу 852 метри во 1963 година. До деведесеттите паднало за осум метри, на 844, а потоа продолжило да опаѓа. За 60 години, езерото изгуби околу 60 проценти од својот волумен – бројка што кажува дека ова не е сезонска осцилација, туку долготрајна криза.
Причините за пресвртот се обилните пролетни врнежи, зголемениот доток од реки и подземни извори – за првпат по долго време, водата што влегува надминува онаа што се губи. Но експертите предупредуваат дека ситуацијата останува нестабилна. Климатските промени носат почести суши и помалку снег, а прекумерното земање вода за наводнување не престанува.
Градоначалникот на Ресен најавува системи за пречистување отпадни води и проекти за управување со реките. Добро е – но езерото не се спасува со едно дождливо лето ниту со едно соопштение. Прашањето е дали државата, заедно со соседите што го делат сливот, ќе истрае во грижата и кога насловите ќе престанат да бидат драматични. Бидејќи водата што се крена за метар, исто толку лесно повторно опаѓа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.