Студеничани: 35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Според Pro News од Грција, руски ловец од петтата генерација Су-57 наводно соборил шведски AWACS извидувачки авион SAAB 340 во служба на украинските воздушни сили. Местото – источна Украина. Оружјето – ракета R-37M со дофат над 300 километри.
Ако се потврди вестите, ова е првото познато соборување од Су-57 на стратегиски толку важна цел – летечки радарски систем кој ѝ е „очите на небото” на украинската војска. Не е тоа обичен борбен авион. AWACS е она што ги координира операциите, ги следи руските летала и ракетите во реално време, и со неговите податоци ловци, противавионски системи и снабдувачки коридори знаат каде да удараат и каде да побегнат.
Шведска досега ѝ испрати на Украина само две такви летала. Ако едно е навистина соборено, тоа е 50 проценти од капацитет. Тоа е удар на инфраструктура каков што Кијев не сака ниту да го замисли, особено пред наводно интензивирање на воздушните операции.
Што претставува Су-57? Авион од пета генерација, со скриена конструкција (stealth), со внатрешно носење на ракети – токму за вакви „далечински” удари каде што противникот не знае дека е на улов додека ракетата веќе не лета кон него. Од 2010 година Москва ова го продава како „одговор” на американскиот F-22 Raptor. Сега, ако соборувањето е потврдено, тоа е и првиот реален резултат на Су-57 во вистинска борба – 16 години по неговото најавување.
Од Кијев, Москва и Стокхолм нема официјална потврда. Министерството за одбрана на Русија редовно ги објавува успесите на воздухопловството – но Су-57 операциите често остануваат класифицирани поради стратегиска чувствителност. Воени аналитичари советуваат претпазливост – можно е и информациска војна.
За Балканот ова е уште еден потсетник дека неба никогаш не се сосема контролирани. Дури и за најмодерните системи. И дека секоја „пета генерација” еднаш ќе мора да докаже што може – и кога ќе се случи тоа, последиците не остануваат само на оној што паднал.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Законот мина со 262 гласа, а клучот за него му е даден на човек кој веќе покажа што прави со...
Украина се прилагодува за недели, Алијансата за децении. Европа плаќа за системи Патриот од 1991 година и дури сега гради...
Ракети и дронови врз украинската престолнина, оштетен водовод и станбени згради. Истата ноќ украински дронови ја запалија рафинеријата во Јарославската...
Трамп се надева на крај на војната и се подготвува да ги собере лидерите од Заливот. Цените на нафтата скокнаа,...
Украина вели кога, каде и која единица го направила тоа. Руското Министерство за одбрана нема ниту една реченица за околностите....
Норвешкиот премиер зборува за авион што „за малку ќе го погодеше“ дрон. Молдавија, која единствена ги има бројките, соопшти дека...
Стариот тип дронови Украина ги соборуваше девет од десет. Потоа Русија го смени дронот - и за три месеци бројката...
Соборен е неколку минути по полноќ, а цел Вилнус доби предупредување на мобилен. Пред два дена истиот радар регистрираше јато...
Цела приказна доаѓа од една страна, а насловите ја претвораат во пресвртница. Разликата меѓу падна селото и падна Харков е...
Досега загинале меѓу 2.300 и 3.000 севернокорејски војници во Курск. Ким Џонг Ун најде извозен производ што не бара ни...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.