„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Островот со форма на солза во Индискиот Океан – Шри Ланка – е едно од оние места каде во еден ист град можеш за неколку минути да поминеш покрај будистички храм, хиндуистички храм, џамија и црква. Таа религиозна разноликост, без тензија и без ѕидови меѓу луѓето, е првото нешто што изненадува секого што доаѓа со очекување за „егзотика”.
Влезот е преку Коломбо, главниот град, каде колонијалната архитектура се меша со модерни градби како кулата Лотус, највисоката кула во Јужна Азија. Оттаму патот води до Канди, духовната престолнина, каде храмот Шри Далада Малигава го чува светото реликвиа – заб на Буда, толку важен низ историјата што неговиот чувар бил признаван за легитимен владетел на островот.
Срцето на патувањето е таканаречениот Културен Триаголник, со пет од осумте локалитети на УНЕСКО. Тука е Сигирија, Лавовата Карпа – 1.231 скалило што се качуваат по гранитна стена каде принцот Касапа изградил недостапна палата откако го убил татко си. Археолошките градови Анурадхапура и Полонарува чуваат храмови стари со милениуми и џиновски статуи на Буда.
А можеби најубавиот дел не е ниту еден поединечен споменик, туку патот меѓу нив. Возот од Канди до Ела се провлекува низ пејзажи од деветнаесеттиот век, каде Тамилки во шарени сарии рачно го берат чајот на плантажите од Цејлон. Мостот со деветте лаци, стар над сто години, граден само од камен и тула, локалните го викаат „Мостот во небото”. Има места што се гледаат, а има и места што се чувствуваат – Шри Ланка е од вторите.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.