Skip to content

Синот на Тони Тоневски задржан во полициска станица – возел со 185 km/h

1 мин. читање
Сподели
Синот на Тони Тоневски задржан во полициска станица – возел со 185 km/h

МВР соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против Н.Т. (27) од Пробиштип, кој на 25 септември бил фатен како вози со 185 километри на час на експресниот пат Кочани – Штип, каде што дозволената брзина е 110 km/h.

Возачот управувал патничко возило „Ауди“ со пробиштипски регистарски таблички и бил запрен при контрола со радар. Тој возел 75 km/h над дозволената брзина, поради што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на МВР.

 Според информациите објавени од Инфомакс, лицето е син на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ и директор на компанијата Булмак, концесионер на рудниците Тораница и Злетово.