Четири лица приведени за убиствата во Хром и Ѓорче Петров: на мета биле постари луѓе што живееле сами
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Вучиќ ја распушти Скупштината и закажа предвремени избори за 25 октомври. Одлуката ја потпиша врз основа на предлог на сопствената влада, што значи дека власта сама си ги побара изборите од себе – постапка која на хартија изгледа институционално беспрекорно, а во пракса значи дека и датумот и темпото ги одредува оној кој веќе владее.
Во обраќањето до граѓаните Вучиќ ја држеше умерената реторика. „Граѓани на Србија, сигурно ќе имате прилика да бирате меѓу многу опции. Ве молам тоа да го направите на мирен и достоинствен начин“, порача тој, додавајќи дека е важно да се почитуваат различните политички мислења, правото на слободно собирање и слободата на изразување. Речиси секој што ги следеше улиците во Србија последниве година и половина ќе го прочита тој пасус двапати.
Затоа што токму тие улици се вистинската причина. Вучиќ сам призна дека изминатите месеци донеле „големи турбуленции на домашната политичка сцена“, но веднаш ја додаде и рамката во која сака да се гледа тоа: „Со учество на странски сили имавме немири и поделено општество.“ Формулацијата е позната на целиот Балкан – кога протестите траат подолго од очекуваното, вината се сели надвор од границата.
Реченицата што кажува повеќе од целото обраќање
„Урнат е поредокот во светот што беше воспоставен во 1945 година“, изјави Вучиќ, поставувајќи ја својата одлука во контекст на глобален пресврт. Тоа е класична техника: домашните избори се пакуваат како одговор на светска нестабилност, а не како одговор на притисок од сопствените граѓани. Кој друг лидер во регионот не ја сака истата рамка?
Најоткривачки е образложението зошто изборите се сега. „Дали ни беа изборите неопходни сега? Да ги нема ваквите тензии, да ги нема ваквите политички разидувања и судири, секако не би биле потребни“, рече Вучиќ, и потоа ја додаде реченицата што ретко се слуша од шеф на држава: „Секое одложување би го загрозило Експо и опстанокот на демократијата.“ Експо. Меѓународна изложба во Белград, ставена во иста реченица со опстанокот на демократијата.
Србија влегува во изборна кампања со заклучен процес кон Европската унија – ниту еден нов кластер во преговорите не е отворен од 2021 година. Изборите на 25 октомври нема да го одблокираат тоа сами по себе, но ќе покажат колку долго една власт може да ја држи улицата и Брисел истовремено на чекање.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Сведоци тврдат: 4.000 полицајци, групи во црно и изгаснати светилки - а потоа, во 21:30, повлекување. Србија била на чекор...
Во кампањата бил прикажуван позитивно 96 проценти од времето - и пак загуби. Сега водители се извинуваат, директори си одат,...
Новата влада во Белград уште не е ни формирана, а Брисел веќе ги постави условите: санкции против Москва или чекање...
Таблоидите блиски до Вучиќ тврдат дека таа најавила признавање на Косово. Самата Бисерко вели дека не знае што сака новата...
Србија е на црвено ниво на терористичка закана по ноќниот напад. Министерот Дачиќ вели дека напаѓачот бил приврзаник на Исламска...
Победата во Србија ја донесе една цел - Вучиќ да падне. Но меѓу 140-те пратеници седат луѓе што за Сребреница,...
Мајката на Стефан Хрка, загинат под надстрешницата во Нови Сад, дојде по извинување, а уредникот во живо викаше „талачка криза“....
Николиќ живее во државна вила девет години по крајот на мандатот, Брнабиќ во домот на Јованка Броз. Кога правилата се...
Вучиќ го призна поразот уште на изборната ноќ, а неговите луѓе веќе ја пишуваат агендата на победникот: Русија, НИС, девалвација....
Победникот на изборите во Србија вели дека недипломатските настапи кон регионот се раѓале во главата на Вучиќ. Првиот разговор го...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.