30 дена притвор за навивачот што онесвести дете пред „Јане Сандански“: како две навивачки групи се најдоа токму на влезот?
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има места на европскиот брег што ги преживеале сите бранови на масовен туризам едноставно затоа што никој не се потрудил да ги најде. Замбужеира до Мар е едно од нив – шака бели куќи со сини рабови, залепени на карпа над Атлантикот, во јужниот португалски Алентежо.
Селото лежи во Природниот парк Југозападен Алентежо и Вицентински брег, што значи дека околу него нема простор за градење ниту да се шири нешто што не е веќе таму. Под него е плажа со златен песок до која се слегува по дрвени скали, а морето е едно од најпосакуваните сурферски места на Атлантикот. Црвеникавите карпи ја менуваат бојата низ денот, а тоа не е туристички опис туку последица од светлината и минералот.
Кој очекува пусто место во август, ќе се излаже. Во сезона населението се множи и селото добива летен ритам – полни тераси, живи улички, атмосфера на приморско место. Останатите месеци работи во режим на пауза, што е и вистинската причина зошто вреди.
Главната плажа не е единствената. По брегот се редат Праја дос Алтеирињос, Праја де Носа Сењора, Праја дас Костас до Лажао, Праја да Баија да Аркиња, Праја до Тонел и Праја да Педра да Бика. Некои се семејни, некои се нудистички, некои се сосема диви, некои имаат природни базени. Најблиските бисери се Праја до Кавалеиро, Праја да Амалија и Праја до Карваљал.
Тоа што овој брег го прави различен од шпанскиот или италијанскиот е што плажите се поврзани со пешачки патеки, не со паркинзи. Патеката на плажите е долга 7,9 километри, а Рибарската патека 18,5 километри и води до Одесеише низ високи карпи и скриени заливи. За луѓе што ја знаат разликата меѓу одмор и туризам, тоа е целата поента.
Во самото село има мрежа од калдрмисани улички кои сите завршуваат на плажа, а на еден рид над водата стои капелата Носа Сењора до Мар – проектирана во 1957 и осветена во 1966 година, денес омилена точка за гледање зајдисонце. Гастрономијата е онаа што ја диктира морето: свежа риба и морски плодови, со неколку добри ресторани на улицата Мирамар.
Уште еден детал што вреди да се знае за планирање: Мео Судоесте, еден од најголемите португалски музички фестивали, се одржува токму тука и тогаш селото не личи на себе. Оваа година е паузиран, а следното издание е закажано за август 2027 година. Кој сака тивко место, тоа е датумот што треба да го заобиколи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Од 80 кули останаа нешто повеќе од дваесет, палатата во која се родила кралицата што го испрати Колумбо денес е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.