КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има езера што ги гледаш, и има езера низ кои поминуваш цел живот и пак не ги исцрпуваш. Женевското езеро – или Леман, како што го викаат таму – е од второто. Најголемото алпско езеро во Западна Европа, долго 73 километри, со едниот брег во Швајцарија а другиот во Франција. И на секој километар по нешто вредно да застанеш.
Женева е првата станица – најинтернационалниот град во земјата, седиште на европскиот дел на ОН. Има шармантно старо јадро, шеталишта покрај водата, часовникарска традиција и Же д’о – највисокиот воден млаз во Европа. Оние што сакаат поглед над сè, со жичара се качуваат на планината Салев.
Од таму брегот води кон Лозана, град со најголемата готска катедрала во Швајцарија, но и со Олимпискиот музеј и со Rolex Learning Center – зграда што локалците ја сметаат за едно од ремек-делата на современата архитектура. Помеѓу Лозана и Веве се протегаат лозјата на Лаво, тераси искачени по падините на езерото, заштитени од УНЕСКО, каде семејни визби нудат дегустација на chasselas со поглед кон Алпите.
Веве е тивок, елегантен и полн со неочекувани детали – џиновска вилушка што штрчи од водата, споменик на Чарли Чаплин, кој ги поминал последните 25 години од животот токму тука. Монтре пак е градот на славните гости: Владимир Набоков живеел седумнаесет години во легендарниот хотел на брегот, Фреди Меркјури наоѓал творечко засолниште со Queen, а неговиот споменик и денес гледа кон езерото. Секое лето тука се одржува прочуениот џез-фестивал.
Најсликаниот кадар на целото езеро сепак е замокот Шијон – средновековна тврдина на карпест островец што изгледа како да лебди над водата, само три километри од Монтре. Го граделе војводите од Савоја во 13 век, а неговата убавина инспирирала и Русо и лорд Бајрон. Внатре – 25 градби, три двора и два одбранбени ѕида, низ кои посетата води од темниците до кулите-стражарници.
А кој сака да го премине езерото на француската страна, чекаат Евиан-ле-Бен, елегантна бањска населба со Belle Époque шарм и со изворот што ја прослави минералната вода низ целиот свет, и Ивоар – средновековно ѕидано село со камени куќи покриени со цвеќе, прогласено за едно од најубавите во Франција. Од Женева до таму – половина час. Од разгледница до вистински град во кој сакаш да останеш – уште помалку.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шпанскиот актер Дани Ровира ги нарече „убаво, диво и прочистувачко место“. Пред да тргнеш, добро е да знаеш дека се...
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.