Студеничани: 35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
18.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На околу два часа од Порто, во виновиот регион Дао, се крие португалско село што малкумина странци го знаат – но кое чува едни од најубавите тераси-градини во Европа. Сантар не се продава гласно; затоа е и зачуван.
Селото е познато по своите бројни чешми, корита и куќи од гранит, но вистинскиот бисер се вековните имотни куќи со своите градини. Долго време тие беа скриени зад ѕидови – сè додека во 2013 Жозе Луис Вашконселош е Соуза не реши да ги отвори за јавноста, отстранувајќи прегради и создавајќи патеки меѓу зелените простори.
За редизајнот го ангажираше реномираниот пејзажен архитект Фернандо Карунчо, и така се роди рутата „Сантар Вила Жардим” – шест поврзани градини, секоја со свој карактер.
Има тука француска правоаголна градина со железни перголи и водени канали; градина именувана по магнолија стара 200 години, со гранитно езерце и мало лозје; лозје засадено во голем круг што ги следи природните кривини на теренот, со дрвени патеки и видиковец. Една градина од 8.500 квадрати ги вклучува дури и локалните жители, кои одгледуваат органски култури во свои парцели.
Најстарата, Жардим да Мисерикордија, е прислонета до црква од 1637 и завршува со камен крст на квадратна основа – место за поглед, не само за прошетка.
За оние што сакаат да преноќат: хотелот Валверде Сантар зафаќа имотна куќа од 17 век, првично подарена како свадбен подарок, со 24 различни луксузни соби, спа и базен. Сантар не е место за брзо туристичко сликање – тоа е место за бавна прошетка, што во денешно време е речиси бунт.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Кралскиот пар вчера влезе во локал што селото само си го врати. Колку такви згради кај нас стојат заклучени и...
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.