Реновиран парк, стар измет: Четкар бара камери за Холандскиот парк во Охрид
23.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.06.2026
21.06.2026
21.06.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
По јавната расправа во Собранието, од Асоцијацијата на оператори за приредување игри на среќа (АСОМ) бараат предлог-законот за игрите на среќа да се повлече и да се изработи целосно одново. Според нив, тој отвора сериозни уставни и економски прашања што не можат да се решат со ситни амандмани.
Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, тврди дека зад заштитничката реторика се крие обид за државен монопол во онлајн-обложувањето. „Како државата може истовремено да биде судија и натпреварувач во истата игра?”, прашува тој. Експертот Зоран Пухач го оцени предложениот даночен модел како „економски неодржлив”, предупредувајќи дека директно би го уништил легалниот пазар – оданочувајќи дури и непостоечка добивка кога реалните приходи се под 1.000 евра, односно оданочувајќи загуба.
Најтешкиот аргумент е човечкиот. Од здружението „Сакам да работам” предупредуваат дека законот би можел да чини околу 10.000 работни места и да предизвика нов бран иселување. А од Националниот совет на инвалидските организации потсетуваат дека илјадници лица со попреченост, кои добиваат поддршка преку програми финансирани од индустријата, би останале без пристап до дневни центри, ортопедски помагала и спортски програми.
Игрите на среќа лесно се прогласуваат за општествено зло – и за дел од нив тоа е точно. Но кога еден закон се носи набрзина, без вистинска расправа со оние што плаќаат данок и вработуваат илјадници, тогаш прашањето веќе не е за коцкањето. Прашањето е дали државата сака да го регулира пазарот – или сака сама да го преземе. А тоа се две многу различни работи, скриени зад иста заштитничка реторика.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Фонд што 18 години градеше европски стартапи сега носи капитал преку Атлантикот. Зошто најголемите можности повторно се во Силиконската долина,...
Владата најавува ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Образложението е дека дополнителните средства...
Аустријан ерлајнс воведе редовна линија. Но охридскиот аеродром има историја на линии што доаѓаат со фанфари, а заминуваат тивко.
Германска компанија води во една ретка технолошка област - превод во живо. За регион со шест јазици на едно мало...
Giavotto Automotive гради погон во ТИРЗ Тетово за автомобилски компоненти. Разликата меѓу свечено отворање и реален погон по три години...
Кадровска служба заменета со агенти по име Марија, Даниел и Клер. Ветуваат ослободување на работниците - но кој одговара кога...
Парите, работните места и искуството остануваат дома наместо да заминат преку граница. Но најавите за летово кај нас знаат да...
Маск тргнува кон титулата прв трилионер, фондовите што чекаа со години наплаќаат - а малиот инвеститор влегува на врвот на...
Opendoor ги затвори канцелариите во Индија и се отвори прашање што го засега и Балканот - што останува од евтината...
Финансиските резултати за 2025 година покажуваат дека градежниот сектор во Македонија значително заостанува зад банкарството и дел од индустријата кога...