Skip to content

Уапсен Сокол Бибај со 8 тони кокаин: човекот со украден македонски пасош

1 мин. читање
Сподели
Уапсен Сокол Бибај со 8 тони кокаин: човекот со украден македонски пасош

Во голема акција на албанското обвинителство за организиран криминал е разбиена меѓународна мрежа за шверц на кокаин од Латинска Америка во Европа – а меѓу уапсените е и едно име што не е непознато за Македонија: Сокол Бибај.

Бибај, на 43 години, е означен како еден од клучните членови на криминалната структура од која се запленети околу осум тони кокаин. Истрагата покажа дека организацијата не се занимавала само со дрога, туку и со перење пари преку легални инвестиции – властите замрзнале и запленале 491 имот и финансиски средства во вредност од околу 150 милиони евра.

Тука приказната станува наша. Бибај се споменува во аферата „Доплгенгер”, кога македонските власти издаваа македонски пасоши на познати регионални криминалци. Тој беше баран и во Македонија поради лажен македонски пасош издаден на име „Андон Папи” – со украден идентитет на вистински македонски граѓанин. Често патувал меѓу Албанија и Македонија, и работел со скопско лице со прекар „Шевал”.

И ете го прашањето што секој граѓанин има право да го постави: како еден меѓународен шверцер на кокаин добива македонски документ со украден идентитет? Кој потпишал, кој затворил очи, и колку други „Андон Папи” сè уште одат наоколу со наши пасоши во џеб? Албанија ги фати своите. Прашањето е дали кај нас некој воопшто ќе одговара за документот.