КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Tesla постигна спогодба во судски спор поврзан со смртоносна несреќа од 2023 година, во која возило користело напреден систем за помош при возење познат како Full Self-Driving (FSD). Условите на спогодбата не беа обелоденети. Тужбата ја поднесе ќерката на Џона Стори, 71-годишна жена која загина откако излегла од своето возило за да го регулира сообраќајот околу претходна несреќа предизвикана од заслепување од сонцето – и била удрена од Tesla Model Y.
Спогодбата го затвора семејниот спор, но не и поголемиот проблем за Tesla. Американската агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA) отвори истрага за FSD софтверот уште во 2024 година, по четири пријавени несреќи во услови на слаба видливост – меѓу нив и онаа со Стори. Во март 2026 истрагата беше надградена во инженерска анализа, во која агенцијата напиша дека системот „не успева да открие и да го предупреди возачот соодветно во услови на намалена видливост” – заслепување, магла, прашина.
Тоа не е сè. Федералната агенција отвори и втора истрага во октомври 2025, по пријави дека софтверот ги тера возилата да поминуваат на црвено светло или да се движат во погрешна лента. Што е на коцка? Меѓу можните исходи е и повлекување на возила од пазарот.
Спогодбата без објавени услови е класичен потег – се плаќа за да се затвори приказната пред да стигне до судница и пред бројките да станат јавни. Но додека едно семејство добива тивок крај, прашањето за безбедноста на системот што Tesla го продава како „самостојно возење” останува отворено пред регулаторите. Технологијата што ветува иднина без возач сè уште не може да препознае сонце во очите – а тоа е разлика што се мери во човечки животи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.