Skip to content

Варено јајце надвор од фрижидер – само два часа: летната грешка што може да чини стомак

1 мин. читање
Сподели
Варено јајце надвор од фрижидер – само два часа: летната грешка што може да чини стомак

Варените јајца се летен спас – брз протеин за салата, ужина или појадок. Но токму на високи температури тие стануваат и потенцијална опасност ако се чуваат погрешно, а грешката што речиси сите ја прават е едноставна: ги оставаат предолго надвор од фрижидер.

Правилото е јасно. Варено јајце не смее да стои на собна температура повеќе од два часа. Кога живата ќе помине 30 степени, тој прозорец се намалува уште повеќе. Штом јајцето ќе се олади малку по варењето, оди во фрижидер – и тоа не во вратата, туку навнатре, подалеку од честите промени на температура при секое отворање.

Има уште неколку правила што чинат нула, а спасуваат стомак. Не оставајте јајца во кола или на директно сонце по купувањето. Не мијте ги пред чување – природната обвивка на лушпата е заштита против бактерии. Варените оладете ги и веднаш ставете ги во фрижидер. И секогаш проверувајте ги лушпите за пукнатини или оштетувања.

А ако не сте сигурни дали едно јајце е сè уште свежо, постои стариот, безгрешен тест: пуштете го во ладна вода. Ако падне водорамно на дно – свежо е. Ако плива или стои исправено – фрлете го. Воздушната комора внатре пораснала, што значи дека јајцето изгубило свежина. Едноставно, бесплатно и побрзо од кој било рок на лушпата.