Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има еден дел од португалскиот Атлантик што туристите го гледаат само од авион на пат кон Албуфеира – и токму затоа е сè уште непокварен. Од Сетубал до Кабо де Сан Висенте се пружаат над 140 километри плажи, бели села и карпи што паѓаат право во океанот. Ова не е разгледничка Португалија. Ова е онаа дивата.
Патувањето почнува во Сетубал, на само 45 минути со кола од Лисабон. Тука се изнајмува возило и се тргнува по крајбрежјето, но пред тоа вреди да се излезе на вода: во устието на реката Садо живее една од ретките постојани колонии делфини во Европа. Смарагдно-зелената боја на водата не е фотошоп – доаѓа од високата концентрација на фитопланктон.
Полуостровот Троја нуди над 45 километри плажи. На Праја да Торе можеш да јаваш коњ низ песокот и оризовите полиња полни со штркови. Малку подолу е Порто Ково, шармантно село со варосани куќи повторно изградени по големиот земјотрес од 1755 година. Оттука почнува природниот парк на Костина Висентина – 110 километри заштитено крајбрежје, едно од најдобро зачуваните во Европа.
Вила Нова де Милфонтеш те пречекува со бели куќи и сини детали таму каде реката Мира се влева во морето. Напуштениот остров Песегеиро некогаш криел Картагинци, Римјани и пирати, а сè уште го чува тврдина од 17 век. Замбужеира до Мар виси драматично над карпите, а кај Одесеише почнува Алгарве – местото каде можеш да пливаш и во река и во океан во ист ден.
Меѓу плажите што вреди да ги запаметиш се Моргавел, Самокеира, Бордеира, Амадо – омилена меѓу сурферите – и Алмограве, позната по своите зајдисонца. А крајот на патот е Кабо де Сан Висенте, најзападната точка на копнена Европа, каде сонцето тоне во дивиот Атлантик од огромни карпи со стар светилник на врвот.
Зошто ова крајбрежје останало вака празно, додека соседниот Алгарве се дави во бетон и хотелски комплекси? Можеби затоа што некој на време решил да го заштити наместо да го распродаде. Поука што Балканот и понатаму упорно одбива да ја научи, додека последните диви плажи ги претвора во паркинзи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Исто време како во август, помалку луѓе и сметка што одеднаш личи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.