„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Судија во Калифорнија конечно го одобри она што ќе влезе во учебниците како најголема спогодба во историјата на американското авторско право: 1,5 милијарди долари (околу 1,3 милијарди евра) што компанијата Anthropic ќе им ги исплати на авторите и издавачите чии книги ги искористила за да го обучи својот вештачки модел. Пресметката е студена и јасна – 3.000 долари по дело, помножено со околу 500.000 книги. Толку чини да изградиш библиотека од туѓ труд.
Но приказната не е онаа што маркетингот на компанијата би сакал да ја раскаже. Спогодбата не е признание дека обучувањето на модел врз заштитени книги е кражба. Напротив – судијата Вилијам Алсап претходно пресуди дека самото обучување врз авторски текст спаѓа под „правична употреба”, одлука што целата индустрија ја прими како зелено светло. Проблемот беше како Anthropic дошол до книгите.
А тука приказната станува непријатна. Дел од книгите компанијата ги купила и ги скенирала – тоа е во ред. Другиот дел го симнала од пиратски сајтови како Library Genesis. Истата индустрија што со милијарди долари капитал и најскапи адвокати го гради иднината на технологијата, тивко се послужила со истите пиратски адреси од кои некогаш студентите симнуваа учебници. Судијата пресуди дека тоа парче е нелегално и можеше да оди на порота. Anthropic набрзина седна на маса и потпиша – бидејќи порота што одлучува за пиратерија е нешто што ниту една ВИ компанија не сака да го види.
И тука е квачката за која малкумина зборуваат: со тоа што компанијата плати за да избегне пресуда, случајот никогаш нема да стигне до апелационен суд и никогаш нема да стане обврзувачки преседан. Одлуката на Алсап остана една единствена пресуда на еден суд. Другите судии слободно можат да заклучат нешто сосема друго – што веќе се случува. Издавачи и автори, меѓу кои Hachette, Elsevier и писателот Скот Туроу, минатата недела тужеа Google за истото – дека ги употребил нивните дела за да го обучи Gemini.
Значи што всушност купи Anthropic за 1,3 милијарди евра? Не купи правна јасност. Купи тишина – своја лична, за само еден случај. Војната за тоа кому му припаѓаат книгите, сликите и гласовите со кои се хранат овие машини штотуку почнува. А трошокот од 3.000 долари по книга е ситница за компанија што се проценува на стотици милијарди. За авторот кому му ја зедоа книгата без да праша, тоа е цена на која никогаш не се согласил.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.